Пластиката е материјал кој во голема мера е застапен во секојдневниот живот. Меѓутоа, и покрај позитивните карактерискики, пластиката стана голем проблем на современото општество. Бидејќи на пластиката и е потребно многу долго време да се разгради, лошо делува на растителниот и животинскиот свет.
Научниците се повеќе се обидуваат да најдат алтернатива за овој материјал. Така и експертите од Грузискиот институт ѕа технологија произвеле материјал кој во скоро време би можел да ја замени пластиката.
Во студијата која е објавена во списанието АCS Sustainable Chemistry се вели дека е направен материјал кој е сличен на пластичната фолија со искористени необични состојки.
Имено, нивниот материјал се состои од слоеви на хитин и целулозни влакна кои се поставуваат на база изработена од полиацетична киселина (PLA). Научниците ги собрале овие состојки од исфрлените школки, ракови и пулпа од дрвја.
Хитинот и целулозата се органски полимери кои можат да се најдат најмногу во природата, а PLA се добива од растенија како што е пченката.
Во своите испитувања, научниците дошле до заклучок дека нивната фолија може во целост да ја замени пластичната, а во некои случаеви се покажала како подобра и поцврста.
Лидерот на студијата Карсон Мередит вели: “Го споредувавме нашиот материјал со PET материјалот кој обично се користи во прозирната амбалажа и пластичните шишиња. Нашиот материјал помал пропус на кислород од некои PET материјали. Тоа значи дека би можел и подолго време храната да ја одржи свежа”.
Проучувајќи го хитинот во некои други експерименти, дошле до заклучок дека би можел да се користи за амбалажа. Неговите влакна имаат позитивен набој, а нанокристалите од целулозата негативен, па заедно би можеле да создадат заштитна обвивка.
Ваквите материјали мораат да спречат пропуштање на гасови. Во PET материјалите нема кристали, па гасовите полесно наоѓаат пролаз.Меѓутоа, се покажало дека нивниот материјал пропушта премногу водена пара па затоа сеуште не може да се користи комерцијално, но научниците се надеваат дека наскоро ќе го решат и тој проблем.
Добрата вест е што за овој материјал нема да биде потребно да се сечат дрва или да се убиваат ракови поради потребните состојки бидејќи фабриките за хартија и рибни производи веќе имаат во облик на нуспроизводи.