Доколку ви пукне екранот на вашиот мобилен телефон, имате две опции или да го замените екранот или телефонот.
Но, хемичарите од Унверзитетот во Калифорнија, Риверсајд , откриле материјал кој сам се „поправа“ и може да се користи за екраните на телефоните,
Истражувачите направиле неколку тестирања, меѓу кои и способоста самостојно да ги репарира гребнатините и пукнатините.
Материјалот може да се растегне до 50 пати од првобитната големина и е направен од растеглив синтетички полимер и јонки соли, чии делови меѓусебно се врзуваат со јонска- диполна врска. Ако се изгребе или дури ако се скрши на два дела, материјалот има способност да „зацели“, односно сам да се поправи за помалку од 24 часа.
Ова е прв пат научниците да создадат материјал што сам се репарира и кој може да пренесува елктрицитет, што го прави особено корисен за употреба за екраните на мобилните телефони и батериите, вели Чао Ванг, водачот на истражувачкиот тим.
Кај некои телефони веќе имаат слични материјали на задната обвивка кои сами ги поправаат гребнатините, но тие не спроведуваат електрицитет, па затоа производителите не може да ги користат за екраните на телефоните.
Според Ванг, првите телефони со новата технологија би можеле да се појават до 2020 година.