Научниците направиле реконструкција на лицето на мумија стара 3.000 години

Истражувачите од Универзитетот во Мелбурн, Австралија направиле реконструкција на лицето од една античка мумија. Со помош на 3Д принтер направиле копија од черепот, а со форензички техники на моделирање го оформиле лицето.

Иако скулптурата сама по себе е извонредна, истражувачите велат дека оваа реконструкција ќе им овозможи на студентите дијагностицирање на патологијата кај старите популации.

Интересно е дека мумијата – која е само завиткана глава, без тело, била случајно откриена во колекцијата на универзитетот при една ревизија од страна на кустосот.

Истражувачите претпоставуваат дека мумијата била донесена од ахеологот Фредерик Вуд Џонс, кој предавал таму во почетокот на 1900-тите години.

Одлуката за реконструкција била донесена откако кустосот Рајан Џефрис изразил загриженост дека черепот почнува да се распаѓа одвнатре. За да откријат што се случува внатре, истражувачите направиле КТ-скенирање на мумијата.

Mummy3dprinterЗа помош околу реконструкција на лицето бил повикан тим од Универзитетот Монаш. Врз основа на КТ-скенот, истражувачите од Монаш процениле дека черепот и припаѓал на жена, која живеела околу 300 –та година п.н.е. Тие ја именувале Меритамун.

MummyFaceHeaderСо КТ-скенот, специјалистот за слики Гаван Мичел, користејќи 3Д принтер успеал да направи прецизна копија на черепот.

Реконструкцијата на лицето и била доверена на Џенифер Ман, форензички скулптор, која направила реконструкција со помош на глина, користејќи ги сите податоци собрани од форензичкиот тим.

Крајниот резултат е комплетно реконструрано лице, што нуди уникатен начин да се види антички Египќанец.

Како се одвивала реконструкцијата на лицето,  погледнете во видеото.

Поддржете ја нашата работа: