Научниците открија метан на Марс

Истражувачите испитувале примероци од 6 метеорити од вулканска карпа која потекнува од Марс. Метеоритите содржеле гасови со иста пропорција и ист изотопски состав како и атмосферата на Марс, но исто така содржеле и метан.

Ова откритие укажува на тоа дека метанот можеби се користи како извор на храна на рудиментираните форми на живот под површината на Марс. На Земјата, микробите го прават тоа во голем број на средини.

„Други научници се подготвени да ги реплицираат овие откритија со помош на други алтернативни алатки и техники за мерење“, вели Шон Мекмахон од Одделот за геологија и геофизика на Универзитетот Јеил. „Овие наоди најверојатно ќе се искористат во разни модели и експерименти кои имаат за цел да откријат дали е можен живот под површината на Марс“.

Тимот планира да го прошири истражувањето преку анализа на дополнителни метеорити. Па, дури и ако метанот не е храна за микробите, може да претставува знак за присуството на топла, влажна и хемиски реактивна средина каде што би можело да постои живот.

Истражувањето е објавено во „Nature Communications“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt