Конвенционалната логика, кога станува збор за високото ниво на јаглероден диоксид на Земјата, е да се најде начин да се ослободува помалку јаглероден диоксид во воздухот.
Во тоа помагаат и растенијата кои апсорбираат околу 25% од емисијата на јаглеродот на човекот, за да си обезбедат енергија за себе за време на фотосинтезата. Единствениот проблем е во тоа што овој систем на природата е прилично бавен и енергетски неефикасен. Но, што кога би можел да се засили и зајакне?
Германски научници развиле синтетички систем за инкорпорирање на CO2 во органски соединенија. Овој систем е наречен фиксација на јаглерод и е значително побрз и поефикасен од природата.
Всушност овој систем ја претставува втората фаза од фотосинтезата, но многу побрза и поенергетски ефикасна.
Досега, овој процес е испробан само во епрувета, па не се знае колку би бил брз во апсорбирањето на атмосферскиот јаглерод во реалниот свет. Научниците проценуваат дека би бил два до три пати побрз од растенијата, но признаваат дека се додека не се направат понатамошните истражувања, ова се само шпекулации.
Во секој случај, доколку успеат да пронајдат начин да го инкорпорираат овој синтетички систем во растенијата, или во други организми кои апсорбираат CO2, би било од огромна помош во отстранувањето на овие молекули од нашата атмосфера.
Истражувањето е објавено во „Science“, а нешто повеќе може да дознаете и во следното видео.