Научниците создадоа проѕирни прозорци од дрво

Дрвото е цврст градежен материјал, но може да скапе, да го изедат бубачки или да ја блокира светлината. Обичното стакло не е многу подобро бидејќи лесно се крши и пропушта многу енергија во или надвор од објектот.

Научниците сега најдоа начин како да го искористат најдоброто од овие два материјали и создадоа проѕирно дрво.

Тимот на научници од Универзитетот во Мериленд разви патентиран процес за да го направи дрвото проѕирно, потрајно и поцврсто. Инженерите велат дека има високо ниво на апсорпција на енергија, што ги елиминира безбедносните прашања кои се презентирани од страна на стаклото.

За да поверувате во неговата цврстина, погледнете што се случува кога парче од овој материјал ќе се удри со чекан најсилно што може.

imageРецептот за ова проѕирно дрво е таен, но уште во мај истражувачите изјавија дека во процесот на изработка се користи белило, епоксидна смола и се разбира дрво, па тоа е засега се’ што ни е познато.

Ова дрво исто така има многу помала термална спроводливост во споредба со стаклото, што го прави подобар градежен материјал за термална изолација. Научниците се надеваат дека овој материјал ќе стане следното големо нешто меѓу обновливите градежни материјали, но се’ уште има многу работа за овој процес да стигне до ниво на производство и да се усоврши истиот за да се користат помалку штетни хемикалии.

Деталното истражување е објавено во „Advanced Energy Materials“.

Поддржете ја нашата работа: