Научниците успеаа да фотографираат гром!

Ова е чекор плус во откривањето на енергиите кои се вклучени во напојувањето на некои од природните зраци. 

Како што електричната струја брзо тече од негативно наелектризираните облаци до земјата подолу, молњата брзо се загрева и се проширува на околниот воздух, генерирајќи сонични шок бранови. Иако научниците имаат основно разбирање за настанувањето на громот, тие немаат детална слика за физичкото напојување на ударите и бучавата.

Хелиофизичарот Максер Даех на Југозападниот истражувачки институт во Сан Антонио и тимот „ разгореа“ своја сопствена молња со горење на долга бакарна жица обложена со кевлар, во облак со електрично полнење со помош на мала ракета. Молњата ја следеше спроводливата жица се до тлото.


Со користење на 15 сензитивни микрофони поставени 95 метри од зоната на удар, Даех изјави дека тој и неговите колеги прецизно ги евидентирале дојдовните звучни бранови. Бидејќи на звучните бранови од повисоките надморски височини им е потребно повеќе време да стигнат до микрофоните, научниците можат да создадат акустична карта на громот со „изненадувачки детали”. Тој ги презентираше резултатите  на 5 мај на состанокот на Американската геофизичка унија и други организации.

Звукот, бучавата на громот зависи од максимумот на електрична струја која тече низ молњата, откриваат истражувачите. Ова откритие би можело еден ден им овозможи на научниците да го користат звукот на грмотевиџите при пресметување на износот на енергијата од удар на гром.

Поддржете ја нашата работа: