Научниците веруваат дека алгите во водите на Гренланд се причина за топење на мразот

Научниците се премногу загрижени поради тоа што топењето на мразот на Гренланд може да се забрза и да се подигне нивото на водата повеќе од очекуваното. Тие велат дека топлите услови се поволни за раст на алги, при што се затемнува површината на водата. Темниот мраз апсорбира повеќе сончеви зраци, и затоа може да се случи истиот да се стопи многу побрзо.

За сега, ледената прекривка на Гренланд додава по еден милиметар годишно во зголемувањето на просечниот глобален пораст на нивото на водата. Таа е најголемата маса од мраз на северната хемисфера, која ја покрива областа седум пати повеќе од Обединетото кралство, а достигнува дебелина од околу три километри.

Тоа значи дека просечното ниво на водите во светот може да нарасне за околу седум метри, доколку се стопи тој мраз. Поради тоа, Гренланд е во фокусот на истражувачите и има голема важност за крајбрежните градови, како што се Мајами, Лондон и Шангај, како и ниско поставените области во Бангладеш и делови од Велика Британија.

Истражувачите ги проучувале алгите во мразот на Гренланд повеќе од еден век, но до неодамна нивното влијание било игнорирано. Во текот на последните неколку години, почнале да истражуваат на кој начин микроскопските малечки растенија можат да влијаат на топењето на мразот во иднина.

Проектот кој траел цели пет години во Велика Британија, требало да ги истражи различните видови на алги и начинот на кој тие се шират, а потоа тие сознанија да се искористи за подобрување на компјутерски проекции за идниот раст на нивото на водите.

Студијата проценува дека во најлош случај нивото на водата може да нарасне до 98 сантиметри до крајот на векот. “Засега постои загриженост дека поради зголемените температури алгите ќе се шират во сите области каде што мразот се топи,” – вели Мартин Трантер од Универзитетот во Бристол.

Научниците велат дека не е потребно да се стопи цел мраз на Гренланд за да дојде до големи катастрофи. Доволен е само еден мал дел кој ќе претстави закана за милиони лица од крајбрежните заедници ширум светот.

Поддржете ја нашата работа: