Науката на смеењето

Во видеото, тимот од „Бизнис Инсајдер“ ни ја открива науката на смеењето.

Како знае нашиот мозок дека нешто е смешно? Како што се објаснува во видеото, тоа е благодарение на фронталниот дел од мозокот кој е одговорен за нашиот емоционален одговор. Додека левата страна е одговорна за интерпретација на зборовите и структурата на шегата, десната страна од мозокот одредува дали таа шега е смешна или не.

Истражувачите исто така покажуваат дека лимбичниот систем во центарот на мозокот – кој ги содржи амигдалата и хипокампусот и ги процесира нашите основни емоции, како гладта и стравот, е исто така поттикнат кога ќе видиме или ќе чуеме нешто смешно. Оваа активност потоа го стимулира моторниот регион во мозокот да стане активен, а тоа ја предизвикува физичката и вокалната експресија при смеењето.

Просечно, човекот се смее седумнаесет пати дневно и колку што е познато човекот е еден од ретките видови на планетата што се смее. Некои примати покажуваат знаци на смеење ако се скокоткаат, но научниците не се сосема сигурни дали е ова исто како и смеењето кај човекот.

И што е најважно, смеењето е добро за здравјето. Научниците од Универзитетот во Мериленд, САД, го поврзуваат смеењето со здравата  функција на крвните садови – што е важно за намалување на шансите за срцев удар. Смеењето исто така ја зголемува работата на срцето и продукцијата на некои антитела, со што се зајакнува имунолошкиот систем.

Смеењето е исто така заразно. Неговиот звук провоцира уште повеќе смеа. Звукот на смеата потсвесно не тера да мислиме дека она што се случува е смешно.

И како што се вели во видеото, смеењето е здраво, потребно ни е за да преживееме, па затоа смејте се што почесто!

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.