Навиката за пиење на кафе е кодирана во нашата ДНК

Познато ни е дека навиките за пиење кафе кај секого се различни – некои конзумираат многу, некои се ограничуваат на едно кафе на ден, додека некои не пијат воопшто.

Сега научниците може конечно имаат начин да ја објаснат поврзаноста со кафето, откривајќи дека генетските варијации кои влијаат на тоа колку брзо телото го раградува кофеинот, може да влијаат на нас во врска со количината на конзумирање на овој стимулирачки пијалок.

Истражувачите предводени од Универзитетот во Единбург во Велика Британија откриле дека луѓето со ДНК варијација во генот наречен „PDSS2“ имаат тенденција да пијат помалку шолји кафе отколку оние без варијација.

„Хипотезата е дека луѓето со повисоко ниво на овој ген го метаболизираат кофеинот поспоро, и поради тоа пијат помалку кафе. Тие треба да пијат поретко за се’ уште да ги имаат позитивните ефекти од кофеинот, односно да не се чувствуваат поспано и уморно“ – изјавува генетичарот Никола Пирасту.

Истражувачите го испитувале генетскиот состав на 370 луѓе кои живеат во едно мало село во јужниот дел на Италија, и го споредиле со ДНК-та од 843 луѓе од селата во северо-источниот дел од земјата. Покрај тоа тие пополнувале и анкета за тоа колку често пијат кафе секој ден. Тие откриле дека луѓето со варијацијата „PDSS2“ во просек пиеле по една шолја помалку кафе.

Потоа истражувачите го повториле истото истражување со примерок од 1731 особа во Холандија, каде што добиле слични резултати – учесниците со ДНК варијација пиеле помалку кафе, иако овојпат разликата мерена по конзумирање во шолји кафе била помала.

Оваа разлика меѓу италијанската и холандската конзумација истражувачите ја припишуваат на различните начини на кои се служи кафето – во големи шолји во Холандија, а мали во Италија.

coffee-spreadИ покрај тоа што тимот вели дека во овој момент тие пронашле само една поврзаност, ова не е прв пат истражувачите да пронајдат врска помеѓу тоа колку кафе пиеме и нашиот генетски код.

Едно многу поголемо истражување спроведено во 2014-тата година, кое ја испитувало ДНК-та на повеќе од 120.000 луѓе, открило дека генетските варијации влијаеле на луѓето за умереното конзумирање на кафе врз основа на тоа колку ефикасно нивниот метаболизам го обработувал кофеинот, со цел да се добијат оптималните ефекти од овој пијалок.

„Резултатите од нашето истражување сугерираат дека желбата за пиење на кафе може да е вградена во нашите гени. Мораме да направиме поголеми истражувања за да ги потврдиме нашите наоди и да ја разјасниме билошката поврзаност помеѓу „PDSS2“ и конзумирањето на кафе“- вели Пирасту.

Овие наоди се објавени во „Scientific Reports“.

Поддржете ја нашата работа: