Миленичињата често служат како социјални помагала. Кога милениците се присутни во социјалната средина, децата повеќе комуницираат меѓусебно. Овој ефект, исто така, се чини дека се однесува и на децата со аутизам и може да ја зголеми нивната самодоверба.
„Кога децата со посебни потреби ги шетаат своите миленичиња, другите деца ги запираат и се вклучуваат во интеракција. Децата со аутизам не комуницират лесно, па ако има домашно милениче во домот за коешто детето е приврзано, поголема е веројатноста детето да одговора на прашања поврзани за него“, вели Карлајл, авторот на истражувањето.
Социјалните вештини се зголемуваат доколку во семејството има куче, но кај постарите деца поврзаноста со миленичето е помала. Исто така, најголемата поврзаност е пронајдена доколку кучето е малечко, односно се чува од малечко.
Важен наод од истражувањето е дека и останатите животни освен кучето, како мачка, зајак, птици, риби, имаат позитивно влијание на аутистичното дете. Едно од анкетираните семејства чувале пајак.
Кучињата се добри за некои од децата, но не се најдобра опција за сите. Секое дете со аутизам е уникатно, па така и неговото милениче.