Речиси 50.000 години пред откривањето на пеницилинот, анализата на заби кај млад неандарталец открила дека истиот го мачела болка проследена со гноење на непцата, а се лекувал со билки кои содржат природни антибиотици и аналгетици.
Неандарталецот кој живеел во областа Ел Сидрон во денешна Шпанија јадел антибиотски габи наречени пеницилиум и џвакал парчиња од популарното дрво кое содржи салицилна киселина кој е активна состојка на модерниот аспирин, велат научниците.
Фосилизираната вилична коска на младиот неандарталец покажала траги од апсцеси, а денталниот плак содржел остатоци од цревен паразит кој предизвикува акутна дијареа. Претпоставуваме дека тоа било навистина болно. – истакнуваат истражувачите во списанието Nature.
“Се чини дека неандерталците поседувале добро познавање на лековити билки и нивните различни анти-воспалителни аналгетски својства, бидејќи сами се лекувале”, вели ко-авторот на студијата Алан Купер од Австралискиот центар за древна ДНК.
“Нашите откритија се во спротивност со мислењето на јавноста за доста едноставните неандерталци”, додава тој.
Оваа студија е последна во низата на истражувања кои фрлаат друго светло на нашите веќе одамна изумрени предци, за кои долго се мислело дека се доста ограничени во интелектуалните способности.
Другото неодамнешно откритие почна да ги класифицира неандарталците како софистицирани суштества кои ја произвеле пештерската уметност, се грижеле за постарите, ги закопувале мртвите, иако веројатно биле човекојадци.
Неандарталците живееле во делови на Европа, средна Азија и Блискиот Исток околу 300.000 години, а исчезнале пред околу 40.000 години. Тоа се поклопува со доаѓањето на модерниот човек од Африка.
Неандарталците и модерниот човек во стари времиња меѓусебно се размножувале, поради што денес имаме околу 2 отсто од неандарталска ДНК освен луѓето од Африка, каде неандарталците никогаш не ни живееле.