Недостатокот на сон е непријател на срцето

Познато е дека луѓето кои работат во службите за итни случаи често треба да одработат 24-часовни смени, така што немаат многу време за спиење.

Научниците во оваа студија ја проучуваа работата на срцето, после 24-часовното дежурство.

„Докажавме дека недостатокот на сон во текот на еднодневното дежурство може да доведе до зголемување на срцевата контракција, крвниот притисок и отчукувањата на срцето”, вели авторот на студијата д-р Даниел Куетинг од Универзитетот во Бон, Германија.

Во истражувањето биле вклучени 20 здрави радиолози, 19 мажи и една жена, а просечната возраст изнесувала 31,6 години. Тие спиеле во просек околу 3 часа, а нивното срце го прегледувале пред и после целодневната смена со помош на кардиоваскуларна магнетна резонанца. Истражувачите ја мереле функцијата на срцето, крвниот притисок и отчукувањата на срцето. Притоа им направиле и анализа на крвта и урината.

Поради недостаток на сон, кај учесниците е забележано зголемување на напрегањето на срцето, бидејќи тоа мора да работи за 10% повеќе од вообичаеното. Исто така, се зголемило нивото на хормоните на тироидната жлезда (ТСХ, Т3 и Т4) и кортизолот, хормон кој се јавува како одговор на стрес.

„На учесниците не им беше дозволено да консумираат кофеин, храна и пијалаци кои содржат теобромин (на пример, чоколадо, ореви или чај), па не ги зедовме предвид факторите како што е нивото на стрес и влијанието од животната средина”, вели д-р Куетинг.

Д-р Куетинг смета дека резултатите од оваа студија може да се применат и на други луѓе, со поинаква професија, кои имаат долги работни часови.

„Овие наоди можат да ни помогнат подобро да разбереме како долгите работни часови влиаат на здравјето на луѓето”, додава тој.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.