Недоволното спиење влијае на донесувањето одлуки

Нивните резултати обезбедуваат нови увиди за тоа како долгите периоди без спиење може да доведат лекарите, воениот персонал и други, во ситуација на криза да донесат катастрофални одлуки.

Надминување на предизвиците на лабораторијата

Поновата историја е полна со примери на понекогаш катастрофални последици за луѓето кои работат без доволно спиење.

Испитувањата за нуклеарната криза во Чернобил, танкерот со нафта „Ексон Валдес“ и експлозијата на спејс шатлот „Челинџер“, заклучија дека операторите лишени од спиење одиграле улога во предизвикувањето на незгодите.

Создавањето на контролирани лабораториски услови кои доволно симулираат околности што доведува до тешки пропусти во расудувањето, за научниците долго време беше мистерија. Претходните лабораториски истражувања во континуитет покажуваат дека недостигот од сон го деградира вниманието, но има малку информации за нејзините ефекти врз когнитивните процеси кои влијаат врз донесувањето одлуки.

„Нашата цел беше да се премости јазот и да се фатат основните елементи на процесот на донесување одлуки од реалниот свет во лабораториски експеримент”, изјави Пол Витни, продекан на „WSU“ и професор на психологија.

Адаптирањето на повратните информации е од суштинско значење

Во природен контекст, донесувањето одлуки е динамичен процес кој бара од лицето да увиди што се случува во близина, како резултат на своите дела и менувањето на околностите. Хирургот, на пример, може да забележи промена во виталните знаци на пациентот во текот на започната интервенција. Мора да ја користи оваа повратна информација поради промената на начинот на дејствување.

Мора да станеме свесни дека недостигот од сон ќе доведе до потешкотии во адаптацијата на ново настанатите околности и неуспех во донесувањето одлуки.

Методологија на истражувањето

Во истражувањето учествувале вкупно 26 возрасни здрави лица. Тринаесет од учесниците биле случајно избрани да поминат 62 часа без спиење, додека на другата половина на групата и било дозволено да се одмори. Шест дена и ноќи, учесниците живееле во еден хотел, односно специјално дизајнирана лабораторија каде се тестирале нивните способности за учење, адаптација и воопшто сиот процес кој води кон донесување на одлуки.

Резултатите покажуваат дека без разлика колку силно се трудите да ја донесете вистинската одлука, недостигот од сон прави нешто во мозокот, кое едноставно го спречува ефикасното користење на повратни информации.

„Нашите откритија ни кажуваат дека пуштањето на луѓе лишени од сон во опасни средини е инхерентно ризичен бизнис и покренува одреден број на медицински, правни и финансиски импликации”, заклучуваат авторите.

Поддржете ја нашата работа: