Негативното влијание на цигарите за време на бременоста претставено преку 4Д фотографии

Со помош на 4Д ултразвук, истражувачите од Универзитетот Дурам откриле дека фетусите на мајките кои пушат цигари имаат повисока стапка на движење на устата и допирање на лицето, во споредба со нормалната стапка кај непушачите. Истражувачите сугерираат дека тоа може да се должи на тоа што централниот нервен систем на фетусите, кој го контролира движењето во целина, а особено движењето на лицето, не се развил истовремено и на ист начин како кај фетусите на мајките кои не пушеле за време на бременоста.

„Нашите наоди покажуваат дека никотинот има поголемо влијание на развојот на фетусот отколку стресот и депресијата“, изјави д-р Надја Рисланд во соопштението за печатот.

Во истражувањето биле вклучени 20 бебиња, од кои 4 биле родени од мајки кои пушат 16 цигари на ден, а останатите 16 од мајки непушачи. Истражувачите набљудувале 80 4Д ултразвучни слики направени во 4 различни интервали помеѓу 24 и 36 недели од бременоста. Сите бебиња биле здрави по раѓањето, но истражувачите го забележале различното однесување на фетусот за време на бременоста.

 

Сепак, истражувачите истакнуваат дека ова претставува пилот истражување и дека се потребни поголеми истражувања за да се потврди и дополнително да се објасни поврзаноста на пушењето, стресот и депресијата на мајката врз развојот на фетусот.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt