Приказната за Марс
Во декември, вселенското летало „Орион“ го заврши своето прво патување во вселената во текот на четири и пол часовен тест лет. „Орион“ е дел од планот на НАСА за развивање на нови технологии и способности, за да се испратат астронаутите уште подалеку од кога било досега, кон Црвената планета.
Паралелниот проект на НАСА за лет на цивили во вселената, се актуализираше во септември.
„SLS“ ракетата (систем за вселенско лансирање), најмоќната ракета досега, годинава влезе во фазата на изградба.
Во јули, НАСА го објави проектот „Марс Ровер 2020“, кој се базира на успешноста на роверот „Curiosity“ .
Најновиот член на флотата на роботски истражувачи на Црвената планета, „MAVEN“, успешно влезе во орбитата на Марс на 21-ви септември, каде што почнува неговото истражување на горниот дел од атмосферата на планетата.
НАСА идентификуваше околу 12 илјади објекти околу Земјата, од кои 96% се астереоиди поголеми од 1 км. Досега не открила никакви објекти кои би претставувале закана за Земјата во наредните 100 години.
Меѓународна вселенска станица
Патувањата на Марс ја вклучуваат и Меѓународната вселенска станица, каде што се спроведуваат голем број истражувања и се развиваат технологии за да се открие што се е потребно за да се живее подолго време во вселената. Вкупно 12 членови на екипажот живееја и работеа на станицата во 2014 година. Заклучно со 2014 година, се одбележуваат 14 години на континуирано човечко присуство на станицата.
Секојдневно се развиваат нови експерименти кои го унапредуваат животот на екипажот во вселенските летала. Еден од нив е „Veggie“, водечки начин за менаџирање со храната на екипажот, кој им овозможува да си одгледуваат и јадат сопствена храна. Интересен податок е дека, во јули, на станицата постигнале рекорден број на часови, неделно, кои се користат за истражување, а тоа се 83 часа и 55 минути.
Технологија
Технологијата е клучниот дел на истражувањата. Во јуни, агенцијата користела возило во форма на чинија, наречено суперсоничен децелератор со ниска густина, за тестирање на технологиите кои се потребни за слетување на објекти со голема носивост на површината на Марс.
Годинава е постигнат успех и во однос на нетоксичното„ зелено“ гориво кое се планира за 2016 година, како и мини технологијата. Малото вселенско летало контролирано од смарт телефон, „Phonesat 2.5“, успешно ја заврши својата демонстрација во орбитата во април.
Кога НАСА развива софтвер за своите мисии, кодовите имаат многу поширока примена. Во април, НАСА објави нов онлајн софтвер каталог со повеќе од 1.000 кодови достапни за јавноста.
Земја
Нашата планета се менува, а НАСА будно ја следи. 2014 е година на Земјата, бидејќи за прв пат по повеќе од една деценија, испратени се 5 мисии наменети за Земјата во период од една година. Заедно со постојната флота на сателити, овие нови мисии ќе помогнат во одговарањето на некои од критичните предизвици со кои се соочува нашата планета денес и во иднина, како што се климатските промени, порастот на морското ниво, слатководните ресурси и екстремните климатски настани.
Сончевиот систем и подалеку
Настанот кој ја одбележа годината е откривањето на 715 нови планети надвор од нашиот сончев систем, меѓу кои и планетата „Кеплер“, за која се потврди дека е со големина на Земјата и орбитрира во погодна зона.
Исто така, во ноември, НАСА објави дека Универзумот е многу посветол отколку што се мислеше.
Во текот на 2014 година, конструкцијата и тестирањето на телескопот „Џејмс Веб“ се успешно извршени, а неговото лансирање е планирано за 2018 година.
Се очекува 2015 година да биде уште повозбудлива и поуспешна за НАСА.