Неколку интересни факти за коњите

  • Мозокот на возрасен коњ тежи отприлика половина помалку од човечкиот мозок.
  • Коњите не можат да повраќаат.
  • Првиот клониран коњ е од расата Хафлингер (Haflinger horse), во Италија во 2003 година.
  • Арапските коњи имаат еден пршлен и едно ребро помалку од останатите раси
  • Светскиот Куп во Дубаи е најбогатиот тркачки куп во светот вреден 6 милиони долари.
  • Коњите сакаат слатко, одбиваат се што има кисел или горчлив вкус.
  • Коњите пијат по 100 литри вода дневно (во жешки денови и повеќе).
  • Забите на коњот никогаш не престануваат да растат.
  • Потребни се од 9 до 12 месеци повторно да израсне цело коњско копито.
  • Коњите имаат по 16 мускули во секое уво, што им овозможува да ги вртат ушите за 180 степени, со што сетилото за слух им е многу поразвиено од нашето.
  • Пони коњчињата живеат најдолго од сите коњи и можат да живеат и до 50 години.
  • Четирите коњи на апокалипсата се вели дека го означуваат крајот на светот; освојувачот доаѓа на бел коњ, војна на црвен, глад на црн и смрт на бледо-зелен.
  • Периодот на бременост кај кобилата изнесува 11 месеци.
  • Монголските племиња први го припитомиле коњот пред околу 5 000 години.
  • Коњите долго паметат (особено местата каде биле исплашени).
  • Најстариот коњ за кој постојат белешки, живеел 62 години и починал во 1822 година.
  • Најдобар начин да ја одредите староста на коњот е според неговите заби.
  • Кај коњите се разликуват 7 типови на крвни групи.
  • Коњите се  дружељубиви и се чувствуваат осамено ако се чуваат сами долго време.
  • Коњите тажат кога нивниот придружник ќе почине.
  • Коњот на Пржевалски (Przewalski’s horse) е единствениот вистински див коњ во светот. Единствената популација на диви коњи живее во Монголија. Сепак, во светот постојат бројни популации на неприпитомени коњи, како што е Мустангот во Северна Америка.
  • Коњите ги користат нивните уши, очи и ноздри за да го покажат своето расположение.
  • Најверојатно никогаш нема да ги видите сите коњи од едно стадо во исто време да лежат. Барем еден од нив ќе стои, за да ги алармира останатите ако се појави некаква опасност.
  • Коњите имаат речиси 360 степени вид. Сепак имаат и „слепи точки“ кои се наоѓаат директно пред и позади нив. Многу е опасно да стоите позади некој коњ поради можноста да се исплашат, а клоцањето е еден од начините да се одбранат.
  • Коњите користат многу различни звуци со кои комуницираат. Кога се среќаваат или се разделуваат со други коњи тие ’ржат. Возрасните коњи рикаат кога повикуваат на парење, а сите коњи фрчат за да ги предупредат другите за потенцијална опасност. Кобилите испуштаат длабоки, смирувачки звуци кога ги хранат своите младенчиња.
  • Коњите се неоспорно паметни животни. Покрај тоа што лесно извршуваат поедноставни задачи, тие имаат капацитет за решавање на напредни когнитивни предизвици.
  • Коњот е еден од 12-те кинески знаци на зодијакот. Секој што е роден во годината на коњот, се смета дека ги има и карактеристиките на ова животно т.е. интелигенција, независност и слободен дух.
  • Коњите можат да бидат од голема помош за луѓе со ментални здравствени проблеми. Врската што ја развиваат со коњот им овозможува на пациентите да се вклучат во природата преку едно прекрасно и мирољубиво животно.Тоа им помага во градењето доверба, почит, сочувство, комуникација и самодоверба. Вештините стекнати преку дружењето со ова животно, се преносливи и на другите аспекти од животот на индивидуата.
  • Еден цитат од Куранот отприлика вели вака: „Коњ, суштество на кое му нема рамно, зошто лета без крила и освојува без меч“.

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

Поддржете ја нашата работа: