Неколку интересни работи за пивото

Пивото е еден од најомилените алкохолни пијалоци, наминувајќи го дури и виното. Додека на сите им е познато дека виното се добива со ферментација на грозје, на голем дел од љубителите на пиво не им позната комплексноста на пивото, вклучувајќи ги тука и состојките, видот на пивото, како и начинот на кој се служи.

На пазарот има сѐ повеќе видови пиво, што понекгаш им отежнува на љубителите на пивто кое пиво да изберат и да ја забележат разликата помеѓу нив.

Еве неколку интересни факти за пивото:

Сите темни пива се тешки

pexels-photo_1

Луѓето обично претпоставуваат дека потемните пива се „потешки“. Но бројот на калориите во пивото не е поврзан со бојата. Бојата на пивото ја дава јачменот, главната состојка на пивото.

Иако најчеста асоцијации за темно пиво е „Guinness“ пивото – кое има репутација како „оброк во чаша“, класичното „Guinness Draught“ пиво содржи 4,2 проценти алкохол и 125 калории, што е помалку од 5-те проценти алкохол и 145-те калории по шише, што ги содржи „Budweiser“.

Од пивото ќе добиете „пивски стомак“, а од коктелите не

Пиењето алкохол (не само пиво) е поврзано со зголемување на половината, бидејќи кога се пие  црниот дроб го согорува алкохолот наместо маснотиите. Љубителите на пиво веројатно ќе поттикнат создавање на пивски стомак бидејќи пијат повеќе пиво, затоа што има помалку калории од сите други алкохолни пијалоци.

Од друга страна, мешаните пијалоци содржат повеќе калории. Алкохолот во основа содржи 100 калории, но штом се помеша со други додатоци, бројот на калории се зголемува. На пример, во чаша мохито има 214 калории.

Колку повеќе хмељ има во пивото, толку е погорчливо

Повеќе хмељ не значи секогаш и поголема горчивост на пивото. Горчливоста на пивото во голема мерка е одредена од сдржината на алфа киселината во хмељот што се користи при вриењето. Во пиварите, хмељот го додаваат или на почетокот на процесот на вриење (што создава поголема горчливост), или кон крајот на процесот, што придонесува за вкусот и аромата на пивото. Многу често горчливоста погрешно се интерпретира како „вкус“ , наместо како чувство.

Мраз ладното пиво е подобро

beer-1

За многумина, пивото е идеално кога е мраз ладно, но Лин Хофман во книгата „Мал прирачник за пивото“ нагласува дека чувството за вкус не фукционира добро под 3 степени Целзиусови. Идеална температура за пивото би била околу 7 степени.

Ако пред пиењето изедете мешавина од пивски квасец и јогурт нема да се опијаните

Пиење цела ноќ без опивње изгледа како „пуста желба“, но Сем Адамс, основачот, и Џим Кох, директорот на „Boston Beer“, веруваат дека трикот е сув квасец, јогурт и се разбира алкохол. Според Кох, ова делува на тој начин што алкохолот се распаѓа во стомакот пред да успее да влезе во крвотокот. Сепак, овој трик на Кох нема мерливи ефекти,з атоа  едноставно пијте многу вода заедно со пивото за да спречите дехидратација. Ниеден трик нема да спречи алкохолот да влезе во крвотокот при прекумерно пиење.

Пиењето пиво е штетно

Вистина е дека прекумерното конзумирање на алкохол е штетно, но умереното пиење може да биде од корист. Една студија од 2015 година покажува дека флавоноидот ксантохумол што го содржи хмењот, може да ги одложи или превенира деменцијата и другите форми на когнитивни нарушувања. Докажано е дека овој антиоксидант штити од рак, од срцеви заболувања и спречува разни воспаленија.

beer_bottle_moose_delaneys

Поддржете ја нашата работа: