Кога орхидејата не е орхидеја? – Тогаш кога се работи за женска богомилка (Hymenopus coronatus), инсект кој живее во Југоисточна Азија и се маскира во цвет со цел да го привлече својот плен. Женките од овој вид имаат малку сличности со мажјаците. Имаат нозе кои наликуваат на ливчиња од цвет во жолта и розова боја, што ги разликува од дупло помалите и досадни зеленкасто – кафеави мажјаци.
Едно ново истражување открива дека мажјакот и женката богомилки не само што изгледаат различно, туку и се развиле на начин кој никогаш не е виден помеѓу групата членконоги, на која и припаѓаат и пајаците и инсектите.
Истражувањето сугерира дека стратегијата на женките се состои од лов на опрашувачки инсекти, што довело до развој на поголеми женки кои наликуваат на орхидеи, и мали мажјаци кои се кријат.
За да разбереме повеќе за развојот на богомилките, Гавин Свансон и неговиот тим од Природонаучниот музеј во Кливленд, со помош на стреомикроскоп во лабораторија ја мерат големината на телото на повеќе од сто примероци богомилки – орхидеи. Тимот исто така моделира некои од еволутивните карактеристики кои се развиле со текот на времето.
Конечно, истражувачите при проучувањето на еволутивните односи на богомилката – орхидеја и нејзините блиски роднини, ги реконструираат промените кои довеле до така необичен изглед на овој вид.
Еволутивна промена е забележана кога два вида на богомилки развиваат јаки жолти, бели и црвенкасти нијанси.
Ова значи дека големите, шарени и женски богомилки – орхидеи имитирајќи цвеќиња можат да привлечат плен, а мажјаците сепак остануваат помали и камуфлирани, со што ги избегнуваат предаторите, бараат партнери и заседа на пленот.
„Сметаме дека мажјаците се мали затоа што мораат да се движат во потрага по женки”, изјави Свенсон, чија што студија неодамна се појави во списанието „Scientific Reports“.
Поголема бела богомилка
„Разликата во стратегијата на лов досега е непозната кај членконогите, но веројатно го поттикнала развојот на поголемите бели женки“, додава Свенсон.
Луѓето се прашуваат зошто вреди да се проучуваат еволутивните врски, или да се добива точна класификација на видовите, а на ова прашање добиваме одговор во направениот експеримент.
„Откако ќе ја дознаете лозата, може да се бавите со интересни истражувања кои нудат единствена перспектива за тоа како еволуцијата функционира и на кој начин се менуваат работите”.- додаде Свенсон.