Неписменоста низ светот

Алармантниот извештај од УНЕСКО, објавен во 2014 година, покажа дека повеќе од 780 милиони луѓе во светот се неписмени. Тој податок всушност нагласува некои големи системски прашања како сиромаштија, образование, како и недостаток на расположливи работни места за неписмените лица.

Постојат неколку важни класификации тука. Терминот „функционална неписменост” се однесува на лица со многу ограничени и основни вокабуларни вештини. Ова е релативно честа појава, вклучувајќи ги и САД, каде 30 милиони луѓе се функционално неписмени и не може читаат над нивото на 10 годишно дете. „Потпросечна писменост” укажува на неможноста да се сфати основен текст во весник и исто така е чест, широко распространет проблем.

Надвор од САД, неписменоста кај возрасните останува голем проблем, особено во суб-сахарска Африка. Според најновите статистики, Јужен Судан во моментов има најмногу возрасни, кои воопшто не знаат да читаат. Едвај 1 од 10 возрасни може да чита на основно ниво. Огромното мнозинство на децата од Јужен Судан никогаш не стапнале во училница во нивните животи, а помалку од 10% од учениците завршуваат основно училиште.

Проблемите поврзани со неписменоста се компонента на еден морничав циклус. Оние кои не можат да читаат или да пишуваат немаат основни вештини за да влезат на пазарот на труд и да се фокусираат на основните потреби за опстанок. Во исто време, тие имаат потешкотии при наоѓање на социјална помош и ресурси за здравствена заштита. Од друга страна, земјите со повисока стапка на писменост се развиваат побрзо и имаат стабилна економија. Технологијата напредува со голема брзина и нè поврзува, како никогаш досега, но дури и основните вештини како читање и пишување се надвор од дофатот за премногу луѓе од целиот свет.

Што се однесува до Р. Македонија според податоците на Заводот за статистика од последниот попис во 2002 година има 63.562 лица или 4% население без завршено основно образование и уште 14% со некомплетно основно образование. Но, ова не значи ништо, бидејќи ако се работи само за елементарна писменост, голем број од оние кои не го довршиле основното образование може да знаат да се потпишат и да ги користат основните математички операции.

Од друга страна пак, сè помногубројни се случаите на ученици кои завршуваат и средно училиште, но сè уште не знаат ни правилно да се потпишат, ниту пак да сметаат. И така во круг…

 

Поддржете ја нашата работа: