Неплодноста станува здравствен проблем во Европа

Со ова Европа тешко може да се натпреварува на глобалната сцена, против зголемената популација на млади и способни луѓе во растечките економии како Кина и Индија. Покрај тоа, проблемот се зголемува, бидејќи неплодноста кај паровите низ Европа се зголемува за 8-9% годишно.

И покрај техниките на медицински потпомогнато оплодување – како што се ин витро фертилизацијата и вештачката инсеминација, резултатите се се’ уште скромни како и пред 35 години – само еден од четири пара успева да добие дете. Тоа значи дека до 5% од децата во Европа се родени со помош на медицински потпомогнато оплодување. Но, факт е дека за да се искористат овие техники за зголемивање на наталитетот, стапката на успешни оплодувања треба значително да се подобри.

Една од причините за вака слабиот успех е и тоа што мажите не се дијагностицираат доволно внимателно. На една третина од паровите кои се лечат од  неплодност, поставена им е дијагноза – неплодност од непознати причини, но некои истражувања покажуваат дека во 80% од случаите причина за неплодноста е лошиот квалитет на спермата кај мажите. На овие парови, најчесто им се препорачува ин витро оплодување, наместо една понапредна метода наречена „интрацитоплазмично инјектирање на сперма“ (ICSI), каде еден сперматозоид се инјектира директно во јајце клетката, и покрај тоа што истражувањата покажале дека кај оваа група успехот на ин витро оплодувањето е полош од  „ICSI“-методата.

Друга причина е тоа што само 40% од третманите за оплодување се вршат во јавното здравство, со минимални средства.

Во 2008 година, Европскиот Парламент ги повикал сите земји-членки за да „им го обезбеди правото на паровите за универзален пристап до третманите за неплодност“. Ова не се спроведува. Во Велика Британија, препорките од Националниот институт за здравје дека на паровите треба да им се овозможат три циклуси на ин витро оплодување, исто така не се спроведуваат.

Но, некои научници веруваат дека фокусирањето на неплодноста, заедно со напредокот во вештачкото оплодување, кои можат да создадат непроценливи услови за откривање на најраните патишта преку кои генетските причини низ генерациите, како и епигенетските болести (каде начинот на живот и еколошките услови може да направат промена во гените), треба да бидат искористени за подобрувње на општествената благосостојба.

Ова е особено значајно во денешно време, кога се знае дека репродуктивното здравје е под постојана закана од факторите во животната средина – од биотоксините, фармацевтските производи, како и средствата за лична хигиена. Лошите животни навики, кои создаваат услови за гојазност и дијабете, дополнително ја намалуваат плодноста.

До неодамна сепак се сметаше дека намалената стапката на неплодност повеќе е  последица на директното влијание на начинот на живот и условите во животната средина, отколку на генетиката. Но, новите податоци сѐ повеќе укажуваат на тоа дека штетните животни навики можат да предизвикаат генетски и епигенетски промени кои се пренесуваат на следните генерации.

Зголемувањето на успешноста на медицински потпомогнатото оплодување е ефикасен начин за зголемување на наталитетот што допринесува и за зголемување на економската благосостојба, како и благосостојбата на идните поколенија.

Поддржете ја нашата работа: