Непотребен рентген кај децата

Истражувачите разгледувале податоци од  719 педијатриски снимања на градите со  Х-зраци помеѓу 2008 и 2014 година во клиниката Мајо. Пациентите кои биле подложени на прегледите биле на возраст од новороденчиња до 17 години.

Постојат неколку индикации дека не треба да се изведуваат рентгенските снимки за да се намали дозата на радијацијата, како и цената.

Од  719 прегледи со Х-зраци, 377 биле за болка во градите, кај  98 била наведена синкопа (несвестица) или пресинкопа,  кај 21 било наведено општо чувство на нелагодност или стрес, кај 37 била наведена постурална ортостатска хипотензија (ПОХ), односно состојба во која крвниот притисок опаѓа ненадејно кога поединецот станува од седење или лежење, кај 185 била наведена вртоглавица и кај 1 случај симптомот бил циклично повраќање. 82 од 719 прегледи биле исклучени поради вродени или други срцеви болести и други причини.

Истражувачите откриле дека кај околу 88% од преостанатите 637 пациенти, прегледите со X-зраците не го менуваат лекувањето. Кај ниту еден од пациентите со горенаведените симптоми, снимките не покажале никакви наоди што би влијаеле на третманот.

Околу 12% од  снимките, кај оние со болка во градите, биле позитивни и вклучувале респираторни симптоми како кашлица, треска или траума.  Не биле пронајдени никакви позитивни наоди за синкопа, вртоглавица, циклично повраќање или ПОХ  во изминативе пет години.

Оптимизирањето на изложеноста на радијација и ефикасноста на трошоците се важни теми во здравството денес, особено кај  детската популација. Оваа студија треба да им послужи како водич на лекарите и да ги спречи од непотребни рентгенски снимки кои немаат никаква корист за пациентот.

Се надеваме дека ситуацијата во нашето здравство е подобра, меѓутоа во ситуација на недостаток на статистички податоци и истражувања, единствено ни преостанува да се надеваме дека надлежните институции ќе си ја завршат својата работа, а докторите ќе го земат предвид ова истражување, пред се во интерес на здравјето на нашите деца, а потоа и во интерес на економијата.

Поддржете ја нашата работа: