Нешто чудно се случува во Сибир – Сибирската тундра буквално „клокоти“

Во смрзнатите рамнини во тундрите на северен Сибир, во последните години се случуваат многу чудни работи. Научниците забележаа огромни дупки кои како да се појавуваат одненадеж, а се отвори и една огромна бездна, која локалните жители ја нарекуваат „портата кон подземниот свет“.

Но, сега, локалните медиуми јавуваат дека земјата на далечниот сибирски остров Бели, буквално почнува да клокоти.

Во видеото што го објави „Siberian Times“ се гледа дека истражувачот стапнува на навидум обична тревната површина, но тој дел почнува бизарно да се ниша слично како желе.

Според „Siberian Times“, досега на островот се забележани 15 вакви делови, со просечен дијаметар од околу еден метар.

https://www.youtube.com/watch?v=06Xc3LtZRWo

Екологистите Александар Соколов и Дороти Ерих за прв пат ги забележале овие клокотења минатата година, сосема случајно. Тие со години работеле на овој остров во Карското Море, како соодветно место за следење на климатските промени, заради  големата популација на поларни мечки. Тие случајно наишле на овие формации во вид на меури и биле изненадени кога повторно ги нашле таму и оваа година.

При нивната последна експедиција тие ја отстраниле тревата и земјата од површината на еден од овие меури и евидентирале дека во воздухот кој излегува има 200 пати поголемо количество на метан од нормалниот воздух и 20 пати повеќе јаглероден диоксид.

За што се работи?

Иако треба да се направат дополнителни истражувања, една од хипотезите е дека неодамнешниот топлотен бран во Европа предизвикал топење на мразот во тундрата и ослободување на метан гас веднаш под површината.

„Многу е веројатно дека 10-дневните неверојатно високо температури  поттикнале некои механизми и повисоките нивоа од пермафростот почнале да се топат и да испуштаат огромни количини на гасови“- вели Соколов за „Siberian Times“

„Геолозите претпоставуваат дека е можно да има подземно истекување на гас, но тоа е малку веројатно. Под меурите се наоѓа цврст пермафрост.

Иако сѐ уште нема истражувања што би ја потврдиле оваа хипотеза, сепак ваква можност постои, бидејќи метанот што се ослободува од растопениот пермафрост веќе беше поврзан со чудните дупки и кратери што се појавија во Сибир, како онаа што беше откриена во 2014 година.

standard_yamal_july_2015Она што е уште позагрижувачко е тоа што новоослободениот метан практично уште повеќе ќе го влоши глобалното затоплување. Според проценките од едно истражување, до 2100 година од пермафростот ќе бидат ослободени и до 205 милијарди тони јаглерод диоксид, доколку климатските промени продолжат да се интензивираат.

Овие меури на островот Бели се можен знак дека тоа и се случува.

Истражувачите ќе продолжат со проучување на тундрата се до 15-ти август, со цел да добијат подобар увид во случувањата, додека геолозите внимателно ќе го надгледуваат регионот.

Поддржете ја нашата работа: