Неверојатно високо ниво на загадување на 10 километри длабочина

Се чини дека ни најоддалечените делови на Земјата не можат да се спасат од нашето ѓубре.

Научниците од Универзитетот Њукасл во Велика Британија вршеле испитувања на еден вид ракчиња, наречени амфиподи собрани од два најдлабоки рова во светот- Маријанскиот ров во Тихиот Океан и ровот Кермадек во близина на Нов Зеланд.

И покрај тоа што двата рова се длабоки повеќе од 10 километри и се оддалечен околу 7.000 километри еден од друг, истражувачите откриле екстремно ниво на токсични хемикалии во амфиподите собрани од секој од нив.

Највсокото ниво на полихлорирани бифенили (PCBs)- хемикалии кои беа забранети во 1970-тите, откако биле поврзани со ракот, откриено во амфиподите од Маријанскиот ров било дури за 50 пати поголемо од  нивото откриено во ракчињата во реката Лиао, една од најзагадените реки во Кина.

На ваквото ниво на загадување му конкурира само уште едно место на Земјата- фамозната „црна точка на загадувањето“, заливот Суруга во Јапонија.

Ова не е првиот извештај за акумулација на загадувачите во длабоките води на морињата во светот.

Минатат година, Канцаларијата за океански истражувања на Националната окенска и атмосферска управа на САД (NOAA) известуваше дека откриле видлив отпат во делови од Марианскиот ров, меѓу кои имало лименка од пиво, конзерва од храна, парче од јаже и пластична кеса.

Колку и да изгледа ова застрашувачки, сепак не би требало да биде изненадување со оглед на тоа што ооддалечените длабоки мориња се користат како депонија за сѐ од фармацевски отпад, па до непожелната муниција од Светските војни и хемиското оружје.

Примероците од амфиподи кои истражувачите ги собрале со помош на длабински сонди биле тестирани за загадувачи познати како перзистентни органски загадувачи (Persistent Organic Pollutants -POPs). Тоа се група многу контроверзни хемикалии кои беа во широка употреба, меѓу кои спаѓаат и пестицидите како ДДТ и индустриските супстанци – како сега забранетите „PCBs“ и „PBDE“(полибромирани дифенил етери).

„PBDE“ сѐ уште се во употреба и покрај забелешките дека  штетат на здравјето. Ниедна од овие супстанци не се распаѓа во животната околина, што значи дека кога еднаш ќе загдат некоја област, исклучително е тешко да се очистат.

За да се добие појасна претстава во колкава мера овие хемикалии биле користени може да послужи податокот од извештајот на истражувачите дека 1930-тите  до 1970-тите, вкупното глобално производство на  „PCB“ изнесувао околу 1,3 трилиони тони.

„PCB“ и „PBDE“ биле откриени кај амфиподите од двата рова , а истражувачите укажуваат дека тие првично биле акумулирани во масното ткиво на големите животни, како орките и делфините, но по нивно угинување, контаминираните телата  послужиле како храна за малите морски животни, со што контаминацијата се продолжува.

Следниот чекор во истражувањето на тимот ќе биде да се истражи нивото на пластични маси во животните од длабоките мориња.

Поддржете ја нашата работа: