Невролозите успешно отстранија фобија од мозокот на човекот

Невролозите откриле како да отстранат одредени стравови од мозокот на пациентите со користење на комбинација на вештачка интелигенција (АI) и технологија за скенирање на мозокот, со што оваа техника може да го промени животот на луѓето со парализирачки фобии – како што е „opiliones“, прикажан на сликата погоре.

Процесот наречен „Decoded Neurofeedback“ не бара никаков свесен напор од страна на субјектот за да го надмине својот страв, туку се потпира на идентификување на шемите во мозокот поврзани со одреден страв, кои потоа се „бришат“ користејќи систем за наградување.

Уште подобро, се чини дека стравовите трајно се губат по третманот, со што истражувачите сугерираат дека оваа техника на крај може да се користи за лекување на состојбите како што се пост-трауматското стресно нарушување.

„Кога предизвикавме блага меморија на страв во мозокот, бевме во можност да развиеме брз и прецизен метод на читање со употреба на алгоритми од вештачката интелигенција. Тогаш предизвикот беше да се најде начин да се намали или отстрани меморијата на стравот, без воопшто свесно да се евоцира“- објаснува Бен Симор од Универзитетот Кембриџ во Велика Британија.

Работејќи со 17 волонтери, научниците прво создале „меморија на страв“ кај учесниците со асоцирање на одредена слика со краток електричен шок.

brain-scan

Во текот на следните три дена, на волонтерите им била дадена мала сума на пари како награда кога била забележана истата шема во мозокот. На оние кои учествувале им било кажано дека наградата зависи од нивната мозочна активност, но никогаш не им било објаснето како.

Целта била шемата идентификувана со вештачката интелигенција постепено да се асоцира со награда отколку како нешто страшно, дури и кога сликата несвесно се појавувала во умот.

Вистинскиот тест бил кога на учесниците им биле покажани оригиналните застрашувачки слики, и тогаш истражувачите не забележале знаци на страв или зголемена активност во амигдалата – „центарот за страв“ на мозокот.

„Ова значи дека успеавме да ја намалиме меморијата на страв без свесно доживување на стравот од страна на волонтерите при процесот“ – изјавува Аи Коизуми, главниот истражувач од Меѓународниот институт за напредни телекомоникациски истражувања во Кјото, Јапонија.

Ова е во остар контраст со традиционалниот третман на изложеност, кој вклучува изложување на луѓето на причината за нивната вознемиреност, во безбедна средина.

Тоа често се покажало за успешно – старата идеја за „соочување на вашите стравови“- но тимот позади ова истражување смета дека може да се подобри.

Иако големината на примерокот во ова истражување е многу мала, истражувачите сметаат дека нивната техника може да се развива за да создаде помалку стресен начин да им се помогне на луѓето да ги надминат своите стравови – што е добра вест за 4 до 5- процентното население со фобии.

Наодите се објавени во „Nature Human Behaviour“.

Поддржете ја нашата работа: