Еден од најголемите иноватори , Никола Тесла  имал безброј визии во својот ум. Помеѓу помалку познатите спаѓа и патентот за роботи убијци и тоа роботи за кои сметал дека се толку деструктивни ,  што и самиот ризик од нивна употреба би им ставил крај на сите војни во светот.

Патентот за „Метода и апарататура за контролен механзам за движење на возила“, бил одобрен на 8-ми ноември 1898 година.За да може ваков уред да функционира , мора да биде безжичен , а Тесла предвидел , тој  да се напојува со електрични бранови.

Никола Тесла е татко и идеен творец на многу уреди и технологии кои ги користиме секојдневно а многу од нив сеуште не сме во можност да ги направиме денес иако Тесла ги правел пред 1 век

tesla

Во патентот се вели:

Во поширока смисла , мојот пронајдок се разликува од сите системи што обезбедуваат контрола врз механизмите што ги носи подвижен објект и за негово движење јас не користам никакви жици , кабли или друга форма на механичка или електрична врска со објектот , со цел да се обезбеди нормалното движење?? во просторот.Сепак , јас постигнав слични резултати на  многу попрактичен начин , преку продуцирање на бранови , импулси или зрачења кои ги добивам од земјата , водата или атмосферата преку соодветна апаратура врз подвижното тело и да го предизвикувам посакуваното дејство толку долго , колку што телото  се наоѓа во рамките на активниот регион или ефективниот опсег на таквите струења , бранови , импулси или зрачења.

patent

Пронајдокот што го опишав може да најде широка примена.Вакви летала можат да се користат за пренос на разни објекти  и материјали од секаков вид ; за воспоставување на комуникација со недостапни региони и истражување на условите што постојав во истите ; за ловење на китови и други морски животни , како и за многу други научни , инжeнерски или комерцијални цели , но најголемата корист од мојот изум ќе има во областа на војувањето и  воoружувањето , од причини што заради неговата неограничена деструктивна моќ ќе има тенденција  да се  воспостави и да одржува константен мир помеѓу народите.

Првото беспилотно летало наменето за воени цели (или барем еден  од  најблиските претходници) бил т.н. „Kettering Bug“.Наместо да користи далечински управувач , леталото било претходно програмирано да лета на одредена далечина ( ова е исто така и претходница на модерните крстосувачки  ракети).Леталото било правено за Првата светска војна , но било завршено многу доцна за да се види на дело , што всушност се покажало како добро , бидејќи  тестирањата  покажале дека е  – најблаго речено , несигурно.

Тесла бил во право за тоа што е потребно за движење на роботите , но можеби малку згрешил за нивниот деструктивен  потенцијал

nuk

Ќе помине цел еден век , пред вооружените , далечински управувани машини да го заземат своето место и додека многу работи се напишани за тоа како дроновите ќе го променат војувањето , сепак една многу постара и многу подеструктивна технологија ќе ги спречи суперсилите да започнат борба меѓу себе – атомската бомба , мрачното „дете“ на Опенхајмер.

Поддржете ја нашата работа: