Нобеловата награда за физика доделена на научниците кои прв пат ги забележале гравитационите бранови

Нобеловата награда за физика, оваа година е доделена на тројца научници за нивното откритие на гравитационите бранови. Шведската кралска академија на науките, во вторникот ги објави добитниците Rainer Weiss од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ), Barry Barish и Ki Thorne од Технолошкиот институт во Калифорнија.

Оваа троја ја одигра клучната улога во првото набљудување на гравитационите бранови во септември 2015 година. Кога откритието беше објавено неколку месеци подоцна, беше сензација не само за научниците, туку и за пошироката јавност.

Гравитационите бранови се деформации на просторот и времето, набори кои настануваат како резултат на некои од најневеројатните настани во универзумот.

Гравитационите бранови ги предвидел Алберт Ајнштајн како дел од неговата теорија за општа релативност. Општата релативност вели дека гравитацијата е предизвикана од тешки објекти кои се превиткуваат во простор – времето, четиридимензионалниот начин на кој астрономите го гледаат универзумот.

Откриените бранови потекнуваат од судирот на две црни дупки од 1,3 милијарди светлински години оддалеченост од Земјата. Германецот Weiss добил половина од наградата, додека останатите ја делат другата половина.

Минатата година Нобеловата награда за физика ја добија Дејвид Џеј Тулес, Данкан Халдејн и Мајкл Костерлиц за теоретска работа на „тополошката фаза на транзиција и тополошката фаза на материјата”. Во прашање е истражување за електрична спроводливост на екстремно тенки површини кои можат да се сметаат за дводимензионални.

 

Поддржете ја нашата работа: