Со сегашните дијагностички техники тешко е да се одреди од каде точно потекнува проблемот. „Стандардниот начин на кој сега го правиме електрокардиограмот не обезбедува доволно информации што ќе им овозможат на докторите прецизно да лоцираат кој дел од срцето е засегнат“, велат истражувачите.
Новиот алгоритам развиен од истражувачите од Универзитетот во Манчестер, откако ќе се направи електрокардиограмот (ECG), точно го лоцира местото на дефектот во срцето. Новиот метод практично ќе ја зголеми резолуцијата на ЕКГ-то што ќе овозможи многу попрецизна дијагноза.
На 3Д компјутерските модели од човечко срце, алгоритмот покажал успешност од 94 проценти. Прецизно го идентификувал потеклото на проблемот во 75 од 80 направени симулации, што претставува значителен напредок во однос на сегашните дијагностички техники.
Следната фаза е тестирање во реални услови. Истражувањето е објавено во списанието „PLoS Computational Biology“.