Нов алгоритам за процесирање на „SnT“

Модерната инфраструктура, почнувајќи од телефонската мрежа и алармните системи па се до системите за снабдување со енергија, е контролирана со помош на компјутерски програми. Овој интелигентен софтвер континуирано ја следи состојбата на опремата,  ги прилагодува параметрите на системот доколку отстапуваат, или генерира известувања за грешка. Софтверот  ја споредува сегашната состојба со минатата преку континуирано мерење, собирање и анализирање на податоците. Притоа користи голем дел од достапните компјутерски капацитети.

Со новиот  алгоритам, софтверот на истражувачите од „SnT“ веќе нема да треба постојано  да ја анализира состојбата на системот, како што прават веќе утврдените техники. Наместо тоа, алгоритамот беспрекорно ќе се движи помеѓу вредностите измерени во различен временски период.

Софтверот ги зачувува само оние промени на состојбата на системот во одреден временски период. За да може да се изврши точна анализа на моменталната состојба, алгоритамот автоматски идентификува соодветни мерни вредности од минатото. На тој начин, во суштина, се избегнува скокање напред – назад во времето што значи  намалување на потребните компјутерски капацитети и зголемување на ефикасноста за истите стандарди на безбедност и стабилност.

Особена корист од овој софтвер ќе имаат дистрибуираните инсталации, како што се мрежите за електрична енергија.  Овие мрежи содржат  многу помали индивидуални компоненти како соларни ќелии, коректори и други компоненти кои мора да се следат и контролираат. За инвестициите и оперативните трошоци  да останат економски прифатливи, тие мора да бидат опремени со мали, едноставни контролни единици.  Ваквите микропроцесори не се во можност континуирано да ја мерат состојбата на системот, да ги зачувуваат податоците и да ги евалуираат во реалното време.

Поддржете ја нашата работа: