Нов член во семејството

„i Home“  на компанијата „Фуро“ од Јужна Кореја е еден од понапредните примери.  Претставува елегантен сензор прикачен на таблет, кој прикажува пријателски лик на робот.

Може да му давате вербални наредби да преземе контрола врз други „паметни“ уреди, да вклучи светло, музика или греење. Корисен е како учебно помагало за вашите деца. Содржи и софтвер за проверка на здравствената состојба за постарите.

Роботот има многу сензори, препознава  ликови и детектира температура.

Можете да го оставите да ги разбуди вашите родители, да ги потсети да ги земат лекарствата, да јадат и слични активности од дневниот распоред.

И ако нешто неочекувано се случи, роботот  може да испрати порака до семејството.

Чини околу 865 евра и од компанијата „Фуро“, се надеваат дека до крајот на годината ќе произведат и продадат 10.000 примероци.

Поевтина алтернатива од околу 345 евра, но со слични функции е украинскиот „Branto“. Единствена поголема мана му е батеријата, која трае околу 3 часа.

Потоа, претставен е „Droplet“,  робот кој  би ја полевал градината наместо Вас и би ги знаел потребите на секое растение.  Друга карактеристика е можноста да пресмета со 80%  точност кога ќе има дожд и каков е квалитетот на земјата.

Исто така, постојат роботи кои ќе ја чистат скарата. Запознајте го „Grillbot“.

Потоа, роботи кои ќе ви помогнат да пренесете некои потешки работи низ вашиот дом, односно „Budgee“.

Потоа, робот кој го прочистува воздухот во вашиот дома, како и многу други. Сите претставени модели имаат свои предности и ограничувања, најчесто батеријата и манипулативните перформанси, но сигурно е дека за кратко време сите ќе имаме по еден робот во домот.

Поддржете ја нашата работа: