Во 2011 година, за време на „TED Talk“, за прв пат беше употребен терминот „light fidelity“ или „Li-Fi“, од страна на професорот Харалд Хас од Универзитетот во Единбург. Во почетокот оваа идеја на Хас се однесуваше на употреба на сијалици како безжични рутери. Подоцна „Li-Fi“, прерасна во нов „VLC“ ( комуникации со видлива светлина ), систем за безжичен пренос на податоци кој користи обични ЛЕД светилки.
Сега истражувачите успеале да најдат начин да ја искористат силата на светлината и да создадат побезбедна и стабилна безжична врска. Научниците од Универзитетот за технологија во Ајндховен, развиле „LI-FI“ систем кој користи безопасни инфрацрвени зраци.
Капацитетот за пренос на податоци со „LI-FI“ системот изнесува повеќе од 40 гигабити во секунда по еден зрак што е огромна разика од нормалниот „WI-FI“ уред, кој има брзина на пренос од околу 300 мегабити во секунда.
„LI-FI“ користи светлосни антени за пренос на податоците. Овие антени можат многу прецизно да ги насочи светлосните зраци од оптичките влакна,а секоја антена има пар решетки кои зрачат светлосни зраци на различни бранови должини и под разични агли. Како таков, системот може да ја елиминира интерференција. Овие антени може да се постават на плафон, а излегувањето од опсегот на една светлосна антена, автоматски ве става во опсегот на друга антена.
Приклучување на повеќе уреди на една антена нема да претставува проблем, бидејќи на секој уред му се дава уникатна бранова должина. Ваков систем овозможува конекција која уредите не ја делат, со што се елиминира застојот што е вообичаената причина за успорување кај постоечките „WI-FI“ мрежи.
Истражувачите очекуваат оваа технологија да биде достапна за околу пет години.
Повеќе за овој „LI-FI“ систем може да прочитате во „Journal of Lightwave Technology“.