Затоа потребата од нови материјали што ќе ја заменат пластиката претставуваат еколошки приоритет. Досега се користени разни продукти и супстанции за изработка на вакви материјали, како на пр. целулоза, компири и др. Истражувачите од Универзитетот во Баскија за таа цел употребиле „хитозан“ (Chitosan). Тој се изработува од оклопите на морските ракови.
Истражувањето покажало дека една од еколошките предностите на овој материјал е тоа што е биоразградлив. Покрај тоа, хитозанот има и антибактериски својства.Тоа го прави многу погоден за употребата во индустријата за храна, бидејќи го редуцира присуството на микроорганизмите во храната.
Иако резултатите од досегашните лабораториски испитувања се на задоволително ниво, масовната индустриска употреба на хитозанот за пакување на храната е се’ уште далечна цел.
„Хитозанот е многу подобар од пластиката во однос на влијанието што го има врз животната средина. Но, тоа не значи дека не ја загадува околината. Затоа е потребно, со понатамошно подобрување, да се редуцираат можните негативни влијанија врз околината на минимум“, велат истражувачите.