Ова може еден ден да овозможи примање и испраќање на податоци со брзината на светлина.
Во моментов, брзината со која компјутерите ги пренесуваат податоците е помала од брзината со која ги обработуваат, бидејќи е достигнат лимитот на брзината со која електроните може да патуваат помеѓу процесорот и меморијата.
Меморијата базирана на светлина, или позната како фотонска меморија, не е нов концепт, но досега претставуваше голем предизвик за инженерите. Не само што претходните обиди покажаа дека чиповите на база на светлина се непостојни, туку бараат и енергија за да се складираат податоците, што е непрактично затоа што во тој случај е потребно комјутерот да биде постојано вклучен.
Сега, научниците од Оксфорд објавија дека го направиле, како што велат, „првиот целосно фотонски чип со постојана меморија“. Тој складира податоци користејќи го истиот материјал што се наоѓа на компакт дисковите или ДВД-та на кои повторно може да се снима – легура од германиум-антимон-телур, позната како „ГСТ“. „Овој материјал, со помош на оптички или електрични импулси може да поприми аморфна состојба – како стакло или кристална состојба -к ако метал. Овие две состојби имаат многу различни физички својства, што значи дека може да се складираат информации во тие состојби на материјалот“, објаснуваат научниците.
Чипот има мали делови од „ГСТ“ поставени на врвот од брановодот, кој ги носи фотоните таму каде што треба да одат.
Работата на овој уред е опишана во трудот, што беше објавен оваа недела во „Nature Photonics“.
Истражувачите сега се работаат на тоа да најдат начин да ја редизајнираат останата комјутерска струкура, за да се постигне директна интеракција на меморискиот чип на база на светлина со останатите структури, преку користење на светлина, наместо преку електрични сигнали.