Нов наномеханички биосензор за откривање на болести

Сензорот ќе им овозможи на докторите да ги идентификуваат и туморските маркери чие присуство во телото сигнализира појава и развој на канцерогени тумори.

Според истражувачите, чувствителноста на сензорот е окарактеризирана со една клучна карактеристика – може да ги следи промените на само неколку килодалтони во масата на носачот (еден далтон е колку масата на протоните или неутроните, а неколку илјади далтони се колку масата на индивидуални протеини или молекули на ДНК). Тоа значи дека сензорот ќе може да ги дијагностицира болестите пред кој било друг метод.

Овој уред е оптички, или поточно опто-механички чип. Неговиот дизајн е многу едноставен и може да се произведе со стандардната „CMOS“ технологија. Според истражувачите, овој сензор претставува комбинација од висока чивствителност, лесно производство и минијатурни димензии. Според пресметките, на еден чип од неколку милиметри ќе може да се сместат неколку илјади вакви сензори, со што ќе може да се користат во многу преносливи уреди, како на пример смарт телефоните. Цената најверојатно ќе зависи од бројот на сензори, но ќе биде многу поприфатлива од онаа на конкурентите.

Сензорот е детално опишан во истражувањето е објавено во „Scientific Reports“

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt