Нов поглед на неверојатните скриени ѕвезди во појасот Орион

Астрономите успеаа да направат нова фотографија со висока резолуција на ѕвездата во ценатрот на „Messier 78 (M78)“ – неверојатно убава маглина која се наоѓа на 1.600 светлосни години одалеченост во соѕвездието Орион.

Со помош на телескопот за видливо и инфрацрвено истражување (VISTA) на Европската јужна опсерваторија (ESO), астрономите имаат можност да ги видат деталите кои во спротивно би останале скриени под космичката прашина, која под видливо светло прави „М78“ да изгледа само како замаглување на ноќното небо.

Во основа, маглините се „ѕвездени градинки“ каде што ѕвездите се формираат од облаци и прашина. Иако производството на ѕвезди е хаотичен и светол настан, маглините често се скриени од поглед, изгледајќи како матни сини делови наместо како поединечни ѕвезди, бидејќи нашите телескопи не можат да видат низ целата таа прашина.

Сега, сето тоа се менува благодарение на „VISTA“.

Маглината „М78“ – светлиот, син објект лево на средината на сликата – беше откриена првпат во 1780 година од страна на францускиот астромер Пјер Мечеин. Но, никој ја нема видено во такви детали претходно.

За прв пат, на сликата подолу, може јасно да ги видите ѕвездите во нејзиното јадро. На десната страна од „М78“ е уште една сина дамка – маглината „NGC 2071“.

Трите ѕвезди директно под и на десната страна од „М87“ го сочинуваат познатиот Орионски појас, кој може да се види со голо око на нашето ноќно небо.

esosdustbust

Црните ленти околу двете маглини се џебови на прашина кои на крајот ќе се спојат и ќе формираат нови ѕвезди и планети – и ваквите ленти обично го блокираат погледот на ѕвездите во нивното јадро.

Во центарот на оваа слика силно светат две сини ѕвезди – суперџинови наречени „HD 38563A“ и „HD 38563B“. Кон десно на сликата, исто така може да се види и ѕвездата-суперџин „HD 290861“ која ја осветлува маглината „NGC 2071“.

„VISTA“ може да ги визуелизира овие ѕвезди со „вовлекување“ низ космичката прашина. Користејќи инфрацрвени бранови должини на светлина која лежи помеѓу видлива и милиметарска светлина на електромагнетниот спектар, тимот во основа може да „ѕирка“ низ овие густи облаци за да ги види ѕвездените јадра на маглините „M78“ и „NGC 2071“.

Се надеваме дека „VISTA“ ќе им овозможи на астрономите понатамошно разбирање за тоа како функционирааат маглините, што за возврат ќе овозможи нови сознанија за тоа како почнал да постои Универзумот и начинот на кој го прави тоа.

Поддржете ја нашата работа: