Нов поглед врз слепилото

Дегенерацијатa нa макулата (AMD) е една од главните причини за губиток на видот кај луѓето од западниот свет од која се зафатени околу 50 милиони луѓе. Болеста се јавува во подоцнежните години од животот – после 55-та година – и покрај годините, генетската предиспонираност е главната причина за појаваta на оваа состојба.

Еден од главните ризични гени е варијацијата на генот наречен комплементарен фактор Х (CFH). Тој е код за протеинот наречен фактор Х (FH), кој е одговорен за заштита на окото од нападите на дел на имуниот систем кој се нарекува комплементарен систем. FH навлегува во ткивата и кога е присутен во доволни количини го спречува комплеметарниот систем да го оштети окото..

Научниците сега открија дека протеинот  FH не е главниот регулатор на имунитетот во задниот дел од окото. Тоа е различен протеин којшто е составен од истиот CFH -ген. Овој фактор се нарекува FHL- 1 фактор. FHL-1 е помала верзија од FH, тој е всушност една третина од неговата големина. Сепек, тој ги поседува сите неопходни компоненти за регулирање на имуниот систем и е подложен на генетските промени одговорни за дегенерација на макулата. Поради тоа што е помал може да навлезе во структурите на задниот дел од окото кои се недостапни за поголемиот- FH.

Затоа научниците сметаат дека FHL -1 е тој што го заштитува задниот дел од окото од нападите на имуниот систем и неговиот недостаток резултира со воспаление кое со тек на време може да  доведе до губење на видот како последица од дегенерацијата на макулата.

„FHL-1, иако е многу сличен со  FH, има потполно уникатна структура во завршниот дел. Се чини дека овој дел игра главна улога во тоа како FHL-1 ќе се врзе за ткивата. На ова би требало да се усмери  терапијата со цел да се воспостави повторна имунолошка рамнотежа во окото, со што би се спречила или успорила болеста“, вели д-р. Сајмон Кларк, водач на истражувањето.

Д-р. Кларк го идентификувал FHL-1 во ткиво од човечки очи, што со дозвола било донирано за истражување, по отстрнување на рожниците за трансплантација.

„Нема подобар начин да се разбере и спречи слепилото од работата со вистинско човечко ткиво“, вели тој.
Истражувањето е објавено во „Journal of Immunology“.

Поддржете ја нашата работа: