Организацијата се надева дека со овој план ќе се спречи ширењето на отпорноста предизвикано од неконтролирана употреба на антибиотици и недостаток на нови антибиотици на пазарот.
Истражувањето на научниците од Универзитетот Тел Авив покажува нова ветувачка алатка – двостран систем за борба против оваа опасна ситуација кој ја напаѓа отпорноста на антибиотици кај одредени бактерии, а пак прави други бактерии да бидат почувствителни на антибиотиците.
Истражувањето, предводено од професорот Уди Кимрон од одделот за клиничка микробиологија и имунологија, се заснова на бактериски вируси наречени фаги, кои пренесуваат „изменета“ ДНК во отпорната бактерија за да ги уништат отпорните нишки и да ги направат почувствителни на антибиотиците.
Репрограмирање на ДНК
Оваа стратегија се надоврзува на системот „CRISPR-Cas“– систем за репрограмирање на бактериска ДНК кој професорот Кимрон го вовел за да ги прошири воспоставените принципи.
Инјектираната ДНК прави две работи: ги елиминира гените кои ја предизвикуваат отпорноста на антибиотици, и обезбедува заштита од смртоносните фаги.
„Успеавме да најдеме начин да ја повратиме чувствителноста на антибиотици кај оние бактерии кои беа отпорни и да го спречиме преносот на гените кои ја создаваат таа отпорност“, објаснуваат научниците.
Д-р Кимрон и неговиот тим на научници се сега подготвени да го применат системот „CRISPR/фаги“ на „pseudomonas aeruginosa“ – еден од најраспространетите патогени отпорни на антибиотици.
Истражувањето е објавено во „Proceedings of the National Academy of Sciences“.