Нов третман на астмата

Новиот пристап во борбата со астмата цели кон причинителот – алергенот, пред тој да може да предизвика напад. Новото соединение што научниците го тестираа на стаорци е опишано во списанието на Американското здружение на хемичари – „Journal of Medicinal Chemistry.“

Идеален пристап за спречување на многу здравствени проблеми е да се делува директно на причинителот на состојбите. Астмата претставува посебен предизвик за овој модел бидејќи може да биде поттикната од многу различни алергени и надразнувачи.

Меѓутоа, една неодамнешна студија сугерира дека сликата за астмата и не е така комплицирана. Бидејќи честичките од прашина се едни од најважните предизвикувачи на астматичните напади, научниците работеа на тоа тие да бидат неутрализирани.

Научниците откриле соединение кое се врзува за големата честичка од алергенот (прашината), на тој начин претворајќи ја во прав кој се вдишува. Испитувањата извршени на стаорци покажале дека имуниот одговор кај животните бил значително намален кога тие биле изложени на различни алергени.

Според истражувачите, ова соединение и останатите слични инхибитори можат да претставуваат нов правец во третманот на астмата.

Поддржете ја нашата работа: