Третманот, развиен од страна на д-р Луиза Силва, е ефикасен и кај високо и кај ниско функционалните деца со аутизам.
„Тоа е важно, бидејќи навистина постојат многу малку ефикасни истражувања за третмани базирани на ниско функционални деца”, вели Силва, која има медицинска диплома од Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес, како и магистратура на Медицинскиот колеџ на Висконсин.
Повеќето третмани за аутизам бараат одреден степен на говор и способност за фокусирање. Нејзиниот третман – 15 минутна масажа на целото тело, ги отстранува овие бариери. Родителите се тренираат за да ја употребуваат секојдневно со децата на возраст под 6 години. Третманот сега е предмет на двегодишна репликативна студија за да се процени неговата ефективност.
Првиот извештај за студијата, објавен оваа недела во рецензираниот весник „Истражување и лекување на аутизмот“, утврди дека вкупната тежина на аутизмот меѓу 103 деца на предучилишна возраст во Орегон е намален за 32 проценти, што резултира со подобрување на однесувањето и говорот.
Поконкретно, сензорните проблем се подобрени за 38 %, а осетливоста на допир и текстура за 49% по пет месеци од третманот.
Децата во студијата, исто така, покажале 18% зголемување на приемчивиот говор, вели Силва. Меѓу ниско функционалните деца, недостатокот на приемчив јазик значи дека не реагираат на нивното име, тие не го разбираат. Меѓу високо-функционалните деца, тоа значи дека не слушаат. Поверојатно е да имаат монолог, отколку разговор.
Исто така, стресот кај родителите на децата со аутизам е намален за 44%.
Исто така, забележливо е подобрување на сврзувањето и интеракциите родител-дете. И покрај фактот дека многу родители на деца со аутизам се многу ангажирани, има уште докази за проблемите со поврзување. Тоа е најверојатно така поради специфичното чувство за допир кај аутистичните деца.
Родителите кои учествувале во истражувањето биле речиси едногласно позитивни во нивните коментари:
-„Тој има изградено повеќе доверба кога станува збор за допирање”.
-„Тој е се повеќе свесен за своето тело, има повеќе контакт со очите. Масажата го смирува и ја користиме за заспивање, доколку е потребно“.
-„Станавме поблиски сега и тој има развиено посилна врска со двајцата родители. Неговиот развој на говорот е драматично подобрен. Често користи цели реченици“.
Во моментов насоките се кон проверка на тоа дали истите резултати можат да се постигнат кај постари деца со аутизам.
Во извештајот се истакнуваат неколку ограничувања:
Резултатите добиени од третманот зависат од тоа колку родителите се посветени на масажата. Докторката вели дека доколку масажата не се прави редовно, не функционира, додавајќи дека е потребно да се повторува шест до седум пати неделно.
Децата во студијата немаат било какви дополнителни хронични пречки во развојот. Тие не користат психоактивни лекови или фармацевтска хелатна терапија. Само две од 103-те деца во студијата добивале интензивен бихејвиорален третман, 10 или помалку часа во неделата.
Сепак, се вели во извештајот, резултатите од студијата се доволни за да се препорача третманот со масажа (QSTI) на родителите и останатите институции во времето на дијагностицирање на аутизмот, често на возраст од 2 години.
Силва одби да коментира за тоа колку долго траат позитивните ефекти од третманот, бидејќи студијата не е завршена. Но, во претходните студии со помали димензии на примерок од 50 деца, ефектите се на сила околу 10 месеци.
Силва ги помина изминатите 14 години во истражување на ефикасноста на кинескиот стил „qigong“ (се изговара „чи-кунг”) масажа за намалување на сензорните предизвици за деца со аутизам.