“Денес имаме невиден настан, рече директорот на Институтот на светската историја, под чиј надзор е создадена енциклопедијата, академик Александар Чубаријан. Во создавањето, кое траеше скоро три години, е вклучен огромен тим на академските институции, многу универзитети и колеги од другите земји.”
Енциклопедијата содржи околу 3000 трудови напишани од водечките експерти од Русија, Украина и Белорусија. Тие се одраз на најновите сознанија и сеопфатно разбирање на ерата на древна Русија, формирано врз основа на новите археолошки, нумизматички и други материјали, како продлабочено толкување кое се базира на традиционалните пишани извори од сродни истражувања.
Во Москва, на историската изложба „Rurik” присуствуваа над 250 000 луѓе. Во енциклопедијата е опфатен социо-политичкиот, економскиот, културниот и верскиот живот на античка Русија од времето на своето основање (IX век) до Монголската инвазија на средината на XIII век. Паралелно, се објаснуваат надворешните односи на Русија со земјите од Европа и Азија.
Целта е да се покаже улогата на Русија во сите фази на историскиот развој. Русија, во контекст на Европа, во контекст на Азија и во контекст на целиот свет.
Ова дело има фундаментално значење во научна и творечка смисла. Претставува почеток на низа големи и значајни публикации на тема „Русија во светската историја.”