Нова пластика-спроводник на топлина

Пластиката е евтина, лесна и флексибилна, меѓутоа поради ограничениот проток на топлина, нејзината употреба е ограничена  во технолошките уреди како компјутери,  паметни телефони, автомобили или авиони. Сите тие се места коишто би можеле да имаат корист од нејзините карактеристики, но каде што спроводливоста на топлина е важна.

Новиот материјал, кој е всушност мешавина, е резултат  на првите обиди да  се произведе проток на топлина во аморфни полимери. Полимер е голема молекула направени од помали повторувачки  молекули. Конвенционалната пластика е составена од синтетички полимери.

Претходните напори за зајакнување на преносот на топлина во полимерите се потпираа на метално или керамичко полнење на материјали или растегнување на  молекулските синџири во прави линии. Овие приоди се скапи, нетраспарентни, и може да предизвикаат потешкоти во спроведувањето на топлина и рефлектирањето на светлина.

Новиот материјал нема ниту еден од тие недостатоци и лесно може да се произведе со постоечките методи, велат истражувачите.

Топлинската енергија патува низ супстанците како молекуларни вибрации. За топлината да може ефикасно да се движи низ материјалот, потребна е цврсто поврзана патека на  атоми и молекули. Во спротивно, се заглавува.

Синџирите од полимери во повеќето пластики се како шпагети. Тие се долги и не се меѓусебно поврзани. Кога топлината се применува на едниот крај на материјалот, предизвикува вибрации на молекулите, но овие вибрации, кои ја спроведуваат топлината, не може да се движат добро, бидејќи синџирите се лабаво поврзани.

Истражувачкиот тим смислил начин за поврзување на долгите полимерски синџири од пластика наречен полиакрилна киселина (PAA)  во комбинација со уште една „polyacryloyl piperidine“ (PAP). Новата мешавина се потпира на водородни врски, кои се 10 до 100 пати посилни од врските во другите видови пластика.

Иако работата се’ уште е во тек, некои од примероците на новата пластика спроведуваат топлина исклучително добро.

Со вршење на бројни мерења на  структурата на полимерската мешавина и  нејзинитефизички својства,  истражувачите се се’ поблиску до утврдување на принципите за дизајн на материјали кои регулираат пренос на топлина во аморфни полимери.

Истражувањето е објавено во тековното издание на „ Nature Materials“.

Поддржете ја нашата работа: