Нова „соларна боја“ за производство на чиста енергија

Истражувачите од Кралскиот Институт за технологија во Мелбурн развиле боја која може да ја апсорбира водената пареа од воздухот и да ја претвори во водорот кој може да се користи за производство на чиста енергија.

Бојата е комбинација на титаниум оксид кој веќе се користи во многу бои за ѕидови и една ново соединение, хемиски катализатор – синтетички молибден сулфид.

Според истражувачите, оваа боја кога ќе се изложи на сончева светлина има способност да ја претвори влагата од околниот воздух во молекули на водород. Титаниум диоксидот ја привлекува сончевата светина кон бојата, а бидејќи катализаторот – молибден сулфидот е полупроводник, ја користи оваа енергија од сонцето да ги раздвои водените молекули на водород и кислород. Водорот потоа може да се транспортира и да се користи за напојување на возилата.

Иако ќе поминат најмалку пет години пред да стане комерцијално достапна, истражувачите очекуваат поизводството на оваа боја да биде евтино.

Тие исто така тврдат дека бојата ќе може ефикасно да се користи во различни подрачја, од влажни средини, до суви и топли во близина на големи водени маси. „Секое место кадешто има водена пареа во воздухот, дури и областите што се далеку од вода може да продуцира гориво“– велат истражувачите.

Бидејќи се работи за бела боја, секоја површина што може да се премачка – куќа, барака, ограда, ќе може да се трансформира во структура за производство на енергија.

Поддржете ја нашата работа: