Нова ветерна турбина без ротирачки сечила

Ако поставите каков било предмет на патот на ветерот, ќе се создаде вртлог позади таа бариера. Ова е проблем кој ги измачувал инженерите со години, и многу мостови се срушиле токму поради овој проблем. Сега, инженерите од „Vortex Bladeless“ ја дизајнирале новата турбина за да ја искористува оваа предност на вртлозите што се создаваат кога ветерот се движи околу некоја пречка.

Турбината изгледа елегантно и е направена од јаглеродни влакна и фиберглас, а моторот се наоѓа на дното (наместо на врвот како кај традиционалните турбини) за да се подобри издржливоста, со што турбината има конусовидна форма. Дизајнот гарантира дека ветерот, односно вртлогот се врти синхронизирано по должината на целиот конус за да постигне добри перформанси. Исто така, на дното има магнети кои ги поттикнуваат ротациите, без оглед на брзината на ветерот.

 

Постојат многу предности за овој дизајн на ветерни турбини – поевтини се за производство; поевтини се за одржување бидејќи нема триење од механички подвижни делови (сечилата) со што се намалува потребата за подмачкување и замена; сосема е тивка и птиците може безбедно да летаат околу неа.

Сепак, кога се работи за нова технологија, секогаш постои скептицизам. За ветерните турбини потребен е мирен проток на воздух, кој обично се наоѓа само на 100м над земјата. Ветерот што го знаеме е турбулентен и не е добар за ветерниците, но од „Vortex“ велат дека новата турбина може да се адаптира на секаква брзина на ветерот со помош на магнетите. Деталите за тоа како сето тоа функционира се се’ уште непознати.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt