Научниците откриле уште една причина која зборува во прилог дека симптомите на Паркинсоновта болест може да бидат последица од видот на бактериите кои живеат во нашите црева.
Овие откритија можат да помогнат, преку промената во стомачните бактерии порано да се дијагностицира оваа тешко нарушување, но и потенцијално да се креираат подобро насочени третмани.
Паркинсоновата болест главно се карактеризира со тремор и губење на фините моторни функции, која проградира во деменција, тешкотии во движењето, а понекгаш и во хронична депресија.
Во повеќето истражувања поврзани со оваа состојба, фокусот беше насочен кон мозокот, при што како главна причина за болеста беше наведена смртта на клетките во дел од мозокот наречен „substantia nigra“, која е одговорна за движењата и наградувањето.
Сепак, во последните години научниците кои ги проучуваат корените на Паркинсоновата болест, своето внимние го пренасочија од нервниот систем кон составот на бактериите во цревата, при што беа идентификувани значителни разлики во типот на цревните бактерии кај луѓето кои страдаат од оваа состојба и здравите луѓе.
Сега и научниците од Универзитетот на Алабама во Бирминген, САД додадоа уште еден доказ кој ја поврзува Паркинсоновата болест со персоналниот составот на микроорганизми т.н. микробиота.
Истражувачите направиле анализа на примероци од цревните микроорганизми замени од 197 пациенти со Паркинсон од градовите Сиетл, Њујорк и Атланта, како репрезенти на три различни региони во САД и ги споредиле со видовите и функцијата на микроорганизмите земени од 130 индивидуи без Паркинсон.
Резултаите покажале значителни разлики во бројот и типот на бактерии помеѓу двете групи, но и забележителни разлики во метаболизмот на различни лекови.
Со други зборови – или различните лекови што ги земаат болните од Паркинсон имале уникатен импакт на бактериите, или нивната микробиота била под влијание на тоа на кој начин нивниот организам реагирал на фармацевтските третмани.
Откриено е дека микроорганизмите во нашиот дигестивен систем играат важна улога во разградувањето на т.н. ксенобиотици– хемиски супстанции кои вообичаено не се очекува да бидат присутни во еден организам.
Тука спаѓаат, не само лековите кои се користат за третман на Паркинсоновата болест, туку и хемикалиите од нивната животната средина, како што се пестицидите и хербицидите.
Со оглед дека фармерите се посклони кон развој на Паркинсон од општата популација-веројатно поради хемикалиите кои ги користат, можно е бактериите во нивните црева да бидат и првите жртви во нивното тело.
„Можно е кај некои луѓе, лековите да ја изменат микробиомата така што тоа предизвикува дополнителни здравствени проблеми во форма на несакани ефекти. Друга можност е дека природната варијабилност на микробиомата да е причината зошто некои луѓе имаат корист од одреден лек, а други не реагираат на истиот. Фармакогеномиката – прилагодување на лекарствата врз основа на генетскиот состав на поединецот, можеби треба да ја земе предвид и микробиомата“ – вели истражувачот Хајдех Пајамани.
Еден од првите симптоми на Паркинсоновата болест е запек, па ваквата поврзаност не би требало да биде изненадување.
Како и со многу други работи во науката, тешко е да се каже дали разликите во микробиомата е причина за Паркинсоновата болест или ефект од неа.
Минатата година истражувачите од Калифонискиот Институт за технологија откриле дека глувци кои биле модифицирани да бидат склони кон Паркинсонова болест, развивале многу поблаги симптоми кога биле одгледувани во стерилни услови.
Инјектирањето на микрофлора од цревата на човек болен од Паркинсон довело до брзо влошување на состојбата, што укажува дека од видот на микроорганизмите барем делумно зависи тежината на симптомите.
Ние само што почнуваме да учиме колку се важни микрорганизмите што живеат во нашето тело, но со откривање на повеќе вакви линкови се отвораат нови хоризонти за третман, па дури и превенција на болестите како што е Паркинсоновата болест.