Нови информации за трансплантацијата на човечка глава

Во теков на последнава година особено е актуелна веста за првата трансплантација на глава, кој италијанскиот хирург Серхио Канаверо вели дека ќе ја направи во текот на следните 12 месеци.

Тој дури има и доброволец за ова – 30-годишниот Валериј Спиридонов од Русија кој има мускулна атрофија.

Во текот на минатата година, еден контроверзен кинески хирург, кој пресадувал различни глави на повеќе од 1000 глувци, се пријави за да му помогне на Канаверо со оваа 36 часовна операција.

Од најавата на оваа трансплантација минатата година, па досега, Канаверо вели дека направил трансплантација на главата на мајмун и дека успешно го поврзал отсечениот ’рбетен мозок кај глувци. Пред неколку месеци, тој тврдеше дека успеал да направи слична постапка на куче, кое повторно можело да оди, откако неговата глава била повторно поврзана со неговиот делумно отсечен ’рбетен мозок.

Овие изјави на Канаверо предизвикаа оправдан скептицизам и загриженост, и тоа не само поради успехот на постапката.

Како што објаснуваа научниците, доколку постапката успее, Спиридонов може да искуси нешто многу полошо од самата смрт, а тоа е живеење во туѓо тело – нешто што досега никој не го разбрал и што може да предизвика невидено ниво на лудило.

Токму затоа, за да се подготви за она што може да го очекува кога ќе се разбуди со ново тело и за да се навикне на своето ново тело, Канаверо вели дека неговиот пациент ќе тренира како да се справи со „неочекуваните психолошки реакции“, со помош на машина, односно систем за виртуелна реалност.

Овој систем за виртуелна реалност беше претставен на конференцијата за лекари и хирурзи на Кралскиот колеџ, која се оддржа во Глазгов, Шкотска, минатата недела. Системот е развиен од страна на компанијата „Inventum Bioengineering Technologies“ и е дизајниран за да им помогне на потенцијалните лица со трансплантација на главата да се справат со шокот дека имаат туѓо тело. На следните фотографии може да видите како тој изгледа.

head-1

head-2

head-3

Се чини дека ова навистина се случува, без разлика дали ни се допаѓа или не.

Поддржете ја нашата работа: