Нови поразителни статистики за тутунската епидемија

Атласот содржи графички детали за обемот на тутунската епидемија, штетното влијание на тутунот врз здравјето, сиромаштијата, социјалната правда и животната средина, напредокот што е постигнат за контрола на тутунот и најновите производи и тактики кои индустријата ги користи за заштита на сопствениот профит.

Борбата против епидемијата на тутунот е во критична фаза

Силните закони за контрола на тутунот доведоа до намалување на преваленцата на пушењето, но останува уште многу да се направи. Авторите на Атлас констатираа дека борбата против тутунот достигнува критична фаза.

Зголемувањето на корисниците на тутун во најнаселените земји во светот го надминува глобално влијание на контрола на тутунот.

Постојат повеќе од 1 милијарда пушачи во светот.

Над 300 милиони луѓе користат тутун без чад, како и алтернативни производи од тутун.

За илустрација, во 2014 доина, потрошувачката е 58 трилиони цигари.

Порастот на потрошувачка во Кина (22 цигари дневно), го неутрализира опаѓањето во другите земји.

90% од населението во светот живеат во земји кои ја имаат ратификувано Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC), но само 10% имаат сеопфатни закони кои вклучуваат забрана на реклами, спонзорство и слично.

Тутунот убива повеќе од половина од корисниците.

Активностите на тутунската индустрија за спречување на напредокот е за секоја осуда.

Атлас открива до кој степен се шири индустријата и низа тактики кои се користат, за да се скрие вистината од јавноста и да се влијае на регулативите. Тактиките, вклучуваат:

-Агресивно таргетирање на економиите во развој во Азија, Африка, Латинска Америка и на Блискиот Исток.

-Во периодот од 2008 до 2012 се зголемени цените во 146 земји.

-Финансирање и унапредување на лажни истражувања, ограничувања на пакувањата и слично.

Од друга страна контролата на потрошувачката на цигари до сега ги има постигнато следниве мерки:

-Графички предупредувањата на Филипините, Шри Ланка, Тајланд, Уругвај и САД

-Планирање и ограничување на пакувањето во Австралија и Перу.

-Забраната за адитиви и ароми во Бразил

-Директива на тутунски производи во ЕУ

-Забрана на маркетинг на Филипините и во Јужна Африка

-Забрана за пушење во Пакистан и на Филипините

-Здравствен закон во Индонезија.

Тутунската индустрија предизвикува економски, социјални и штети на животната средина

Тутунската индустрија се неколку компании што го контролираат светското производство

Употребата на тутунот ја чини глобалната економија трилиони долари. Земјите со низок и среден приход претставуваат повеќе од 80% од корисниците на тутун и смртните случаи поврзани со пушењето,  па всушност  парите доаѓаат од лица кои најмалку ги имаат.

Финансирањето за развој се случува во чад. Во 2012 година, земјите во развој добија помош од 133 милијарди долари, а трошат 350 милијарди на тутунските производи.

Сите форми на тутун претставуваат несразмерно оптоварување на најсиромашните и зголемување на социо-економските  нееднаквости во здравството.

Тутунската индустрија често ги поврзува жените- пушачи со еманципација и софистицираност. Софистираноста ги чини жените зголемена стапка на рак на бели дробови и дојка. Позагрижувачки, има 24 земји каде што девојките пушат повеќе од момчињата.

Мајките пушачи ги зголемуваат ризик факторите за здравствената состојба на децата и бебињата.

Зголемена употреба на тутун во Африка во последниве години резултираше со рак на бели дробови како најчеста причина за смрт кај мажите.

Пушачите со хив живеат двојно помалку.

Тутунот влијае на воздухот, шумите и водите. 200.000 хектари шума се губат секоја година за одледување на тутун. Се подразбира, влијае и на климатските промени. Догорчињата од цигари се најчесто фрлени отпадоци низ целиот свет. 450 трилиони догорчиња завршуваат како токсични отпадоци.

Авторите на Атласот се надеваат дека напорите и стратегиите за контрола на тутунската индустрија ќе вродат со плод и следното издание ќе содржи поомтимистични статистики.

Поддржете ја нашата работа: