Нови стаклени батерии

Пронаоѓачот на литиум-јонската батерија, 94-годишниот Џон Гуденаф, има ново важно откритие – стаклени батерии со кои може значително да се подобри складирањето на електричната енергија.

Гуденаф тврди дека стаклените батерии имаат три пати поголема енергетска густина од литиум-јонските батерии.

Новата и помоќна генерција батерии може да се изработи само од стакло, се наведува во соопштението од Гуденаф и неговиот тим. Тие можат да складираат и да пренесуваат електрична енергија на многу пониски температури од литиум-јонските батерии. Друга предност е што келиите на батериите може да се направат од натриум кој на Земјата го има во изобилие.

Гуденоф и неговиот тим наведуваат дека се рабити за „безбедни и евтини, целосно цврсти келии со голем капацитет. Со оглед на големата енергетска густина и долгите животни циклуси, погодни се за напојување на електричните возилата и за складирање на електричната енергија добиена од ветер и  сонце“.

Истражувачите работаат на неколку патенти и се во потрага по партнери меѓу произзводителите на батерии, иако експетрите велат дека е долг патот од лабораторија до производство.

За литиум-јонската батерија на Гуденаф биле потребни 11 години пред да почне комерцијалното користење во 1991 година.

„Веруваме дека нашето со нашето откритие ќе се решат многу проблеми поврзани со денешните батерии“– наведува Гуденф во соопштението.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.