Идејата за подобри перформанси со додавање на втор ротор произлегува од претходните анализи на тимот. Истражувачите користеле тестови за да се види како ридовите, долините и местоположбата на турбините влијае на продуктивноста на фармите со ветерници.
Според професорот Ху, типичната турбина има 2 главни проблеми.
Прво, основата на секое сечило. Тоа се големи, тркалезни структурни парчиња и воопшто немаат аеродинамична форма. Со тоа производството на енергија се редуцира за околу 5%.
Второ, големите сечила му пречат на ветрот и го намалуваат производството на енергија во кој било правец. Во зависност од условите, загубите можат да бидат од 8 до 40%.
Така доаѓаме до решението за намалување на загубите.
Слика 1. Симулација на дуал-ротор ветерница
Тие додале еден мал, втор ротор. Роторот го монтирале во предниот дел на големиот ротор заедно со две групи на сечила на врвот на кулата.
Со помош на лабораториски тестови и компјутерски симулации откриле дека со два ротори на иста кула, можете да добие до 20% повеќе енергија.
Енергетскиот центар „lowa“ им доделил грант од 116 илјади долари, а Националната научна фондација 330 илјади долари за да продолжат со нивното истражување на роторите.