Новиот компјутер на „HP“


Компанијата го претстави проектот во јуни, но новиот извештај од прегледот на технологија на МИТ вели дека првиот прототип веројатно ќе дебитира во 2016 година.

„Машината“ е нов тип на компјутерска архитектура за индустријата на информатичка технологија, која има за цел да ги замени гигантските центри за податоци  на компаниите. МИТ потенцира дека  новиот систем би можел да биде особено привлечен за големи компании  како „Гугл“, која се потпира на еден тон компјутерски сервери за напојување на своите работни задачи. 

„HP“ е насочен кон развивање на нов тип на софтверска  платформа која ќе работи со нејзиниот моќен нов компјутер, се вели во извештајот.

Првата верзија на оперативниот систем, кој ќе биде наречен Линукс ++, ќе биде објавен во 2015 година, за програмерите да можат да се запознаат со него. Конечната верзија на оперативниот систем ќе биде наречена „Carbon“ и се развива од почеток.

„Carbon“ има за цел да стане достојна конкуренција на „Windows“. Tехничкиoт директор на „НР“, Мартин Финк , вели дека компјутерските оперативни системи се хибернираат или стагнираат со децении.

Постојат две главни разлики кои го прават новиот суперкомпјутер на „HP“ помоќен од постоечките системи.

Прво, „HP“ работи на еден нов вид на компјутерска меморија во која може да се сместат и привремени и долгорочни податоци.

Тековните компјутери, како што објаснува МИТ, користат два различни вида на меморија. Во нив се складираат оперативни системи, датотеки и програми на хард диск или на флеш драјв. Но, кога компјутерот е вклучен, мора  да ги прифати информациите потребни за активирање на апликациите и отворање на датотеките од тој хард диск или флеш драјв и потоа да ги смести во поинаков вид на меморија, наречен „RAM“ меморија. Во „RAM“ меморијата не може да се сместат многу податоци или додека е исклучен компјутерот.

Второ, новиот компјутер на „HP“ ќе ги пренесува информациите преку оптички влакна, наместо преку бакарни жици.

Комбинирањето на овие додатоци, за меморијата и брзината на преносот на податоци на компјутерот, може да ја направи „Машината“  за шест пати помоќна  од сегашните системи, користејќи само околу 1,25% од енергијата којашто ја трошат повеќето од денешните компјутери, истакнува  МИТ.

 

Поддржете ја нашата работа: