Новите автомoбили на Форд сами ќе успоруваат пред „СТОП “

Технологијата за ограничување на брзината може да се активира преку управувачот и за кратко време да се притисне цврсто на педалата за гас. Компанијата се надева дека ова ќе ги намали казните за брзо возење и сообраќајните несреќи. Сепак, еден експерт вели дека оваа иновација ќе послужи како „привремена мерка“.

Исто така, планот за компјутеризација вклучува и предупредување на возилата зад вас дека забавувате.

Новите возила ќе ги алармираат возачите за постоење на сообраќајни знаци на патот.

Технологијата на Форд ќе стане достапна за јавноста во август, кога ќе стартува втората генерација на “S-MAX“ автомобили во Европа.

Портпаролот на американската автомобилска компанија изјави дека проектот веројатно ќе се прошири и на другите модели низ целиот свет.

Системот, кој се нарекува „Интелигентен ограничувач на брзината“ комбинира две постоечки технологии:

Ограничувачи на менување на брзината –  сензори монтирани во тркалата на автомобилот со цел да ја идентификуваат брзината. Откако софтверот  детектира дека возилото е во максималната дефинирана брзина, го ограничува количеството на гориво кое допира до моторот, наместо да употребува кочници. Тоа му овозможува на возачот брзо да закочи во случај на престигнување од друго возило или можен судар.

Препознавање на сообраќајни знаци  –  монтирана камера во ветробранското стакло ја скенира средината за присуство на сообраќајни знаци и го предупредува возачот. Претходните вакви технологии беа ограничени на графички приказ.

Додека некои возачи се’ уште може да се спротивстават на идејата за откажување од контрола на нивното возило, други ја ценат практичноста и безбедноста која се нуди.

Возачите не се секогаш свесни за забрзувањето и често се изненадени кога ќе добијат казна.

Во моментов Волво и Хонда работат на слични технологии. Идејата сама по себе не е нова, всушност само се надоградува. Постојат сензори за мерење на пулс со цел автомобилот автоматски да ја превземе контролата доколу постои сомневање за срцев удар, детекција на велосипедисти на патот и слично.

Сепак, постои предупредување дека подемот на натамошните интервенции во автомобилските технологии треба да ги прифаќаме со извесна резерва.

Отстранувањето на човечкиот елемент е еден начин да се обезбеди сигурност, но и со комјутерите нешто може да тргне наопаку.

Доаѓаме до точка кога треба да прифатиме потенцијално фатални несреќи поради грешка во новите технологии, со цел за поголеми глобални бенефити.

Поддржете ја нашата работа: